Топ Вести - Слушај сега
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, повторно се најде во центарот на жестоки политички напади во Србија, откако негова порака по финалето на Австралија опен предизвика бурни реакции во јавноста.
По завршувањето на турнирот, Ѓоковиќ на прес-конференција испрати кратка, но силна порака до граѓаните во Србија.
– Порака за нашите луѓе во Србија: правдата и вистината секогаш победуваат. Нека истраат – изјави Ѓоковиќ.
Набргу потоа, со остра и контроверзна реакција се огласи поранешната потпретседателка на Владата на Србија и членка на владејачката Српска напредна странка, Зорана Михајловиќ. Таа преку социјалните мрежи го нападна тенисерот со навредливи квалификации, доведувајќи го во прашање неговото образование и мотивите зад пораката.
– Без разлика колку е одличен спортист, пораката ја испраќа човек кој едвај завршил основно училиште и бил исфрлен од средно. Па што би правел, би ја водел земјата? Би ги користел сопствените деца во политичка кампања – напиша Михајловиќ.
Нејзината објава предизвика лавина реакции и остри критики на социјалните мрежи. Голем број граѓани ја оценија изјавата како срамна и недолична, обвинувајќи ја за навреди, политички притисок и љубомора кон еден од најуспешните српски спортисти во историјата.
„Кога вакви луѓе зборуваат за образование, сè е јасно“, „Чиста љубомора и очај“, „Срамота за државата“, се само дел од коментарите што се појавија по нејзината објава.
Додека реакциите не стивнуваат, Ѓоковиќ засега не одговори на нападите, но јавноста во Србија сè погласно застанува во негова одбрана.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
