Background

Драстичен пад на жртвите во сообраќајот со „Безбеден град“

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Системот „Безбеден град“ веќе дава конкретни и мерливи резултати, со значително намалување на сообраќајните прекршоци, повредените и загинатите лица, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

- Advertisement -
Ad image

Одговарајќи на прашање дали продолжува трендот на подобрување по воведувањето на системот, Тошковски упати честитки до граѓаните и порача дека резултатите се доказ оти промените се можни кога постои волја и системско решение.

– Кога „Безбеден град“ функционираше во тест фаза, паметните камери детектираа околу 120.000 прекршоци. На првиот ден од официјалната примена таа бројка ја сведовме на помалку од 500 прекршоци. И денеска, фактичката состојба е иста – имаме 508 прекршоци на ниво на цела држава, што е драстична разлика – изјави Тошковски.

Според него, најголем дел од прекршоците се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, но бројките остануваат стабилни и ниски, што, како што вели, покажува дека граѓаните го почитуваат законот.

– Им честитам на совесните граѓани кои покажаа дека европски вредности можат да се применуваат и дома, а не само кога ќе се замине во Европската унија. Речиси и да нема земја во ЕУ која нема ваков систем – нагласи министерот.

Тошковски посочи дека примарната цел на проектот е заштита на човечките животи, а првичните резултати веќе се охрабрувачки.

– На територија на СВР Скопје, бројот на повредени лица во сообраќајни незгоди е намален од 424 на 288 во последните два месеци, што е намалување од 32%. Кај загинатите лица, од 11 смртни случаи, бројката падна на четири, што претставува 64% помалку – изјави Тошковски.

Тој додаде дека „Безбеден град“ ќе стави крај на несовесното однесување на мал број возачи кои, како што рече, го загрозуваат животот на милиони граѓани.

– Во последните четири години имаме околу 3.000 возачи со повеќекратни забрани за управување возило. Со овој систем тие едноставно нема да можат да возат и да го загрозуваат својот и животот на другите – потенцираше министерот.

Говорејќи за борбата против корупцијата и економскиот криминал, Тошковски истакна дека МВР постапува неселективно, а резултатите се видливи и споредливи.

– Во 2023 година имавме 126 процесуирани кривични дела за корупција, во 2024 – 206, а во 2025 година 290, што е зголемување од околу 130%. Тоа е доказ дека борбата е реална, а не декларативна – рече Тошковски.

Според податоците што ги презентираше, штетата утврдена кон буџетот во 2025 година достигнала дури 380 милиони евра, наспроти 5,7 милиони во 2023 година.

– Нема заштитени и нема недопирливи. Законот важи за сите, а украденото мора да се врати кај граѓаните – порача министерот.

Тошковски заклучи дека 2025 година е историски најуспешна за МВР во последните 20 години, со стапка на расветленост на кривичните дела од 67,2 проценти, што претставува значително подобрување во однос на претходниот период.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖