Background

Гласот на Хинд одекна на плажа во Барселона

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Џиновски портрет од петгодишната Палестинка Хинд Раџаб беше раширен на песокот на плажа во Барселона, како немо сведоштво за детската жртва во војната во Газа. Акцијата се одржа две години по нејзината смрт и прерасна во силен јавен апел за судбината на децата, пренесе Ројтерс.

- Advertisement -
Ad image

Стотици луѓе го држеа платното долго 55 метри, со ликот на девојчето, поставено покрај големо палестинско знаме. Пораката беше јасна и кратка „Слобода за децата од Газа“.

Плажата се претвори во тивка сцена на колективна тага и отпор.

Часови под оган

За време на израелските операции по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, Хинд со часови била заробена во возило. Преку мобилен телефон ги молела палестинските спасувачи да испратат помош. Нејзината тетка, чичко и тројца братучеди веќе биле мртви.

Кога конечно пристигнала брзата помош, комуникацијата со девојчето и со спасувачите била прекината. Дванаесет дена подоцна, телата на Хинд, нејзините роднини и двајца членови на брзата помош биле извлечени од областа.

Мајчин крик од песокот

– Децата од Газа не бараат сочувство. Тие бараат право да живеат, да спијат без страв, да си играат без бомби, да растат, едноставно да растат – рече мајката на Хинд, 29-годишната Висам Хамада, додека го гледаше откривањето на портретот.

На протестот присуствуваше и јорданско-канадската актерка Шаза Килани, која во филмот игра спасувач од палестинската Црвена полумесечина.

– Гласот на Хинд Раџаб не остана во автомобилот, туку патуваше преку границите – изјави Килани.

Израелската војска, запрашана за смртта на девојчето и нејзините роднини, соопшти дека инцидентот е под истрага. Израелските сили тврдат дека никогаш намерно не гаѓале цивили и го обвинуваат Хамас дека ги загрозува користејќи ги како човечки штитови.

Гласот што не замолкна

Болните повици за помош на Хинд, упатувани додека била заробена во автомобил под израелски оган, беа оживеани во филмот „Гласот на Хинд Раџаб“.

Остварувањето освои Сребрен лав на Филмски фестивал во Венеција и годинава е номинирано за Оскар, што ја пренесе приказната далеку над границите на Блискиот Исток.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation