Background

ИМА НЕКОЛКУ РЕШЕНИЈА ЗА ПРОБЛЕМОТ СО ТРАНСПОРТЕРИТЕ

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали очекува надминување на проблемост со транспортерите идната недела на закажаниот состанок во Брисел со министрите од шесте земји од Западен Балкан, рече дека е важно што имало заедничка дипломатска офанзива со земјите од регионот и оти проблемот е препознаен од страна на ЕУ.

- Advertisement -
Ad image

– Овој проблеми со транспортерите е еден од многуте наследени проблеми од порано. Важно е дека имавме дипломатска офанзива, здружена со земјите од регионот. Важно е дека е препознаен проблемот. Важно е дека има неколку можни решенија и очекувам да се катализира решение со кое ќе се надмине овој проблем. Но тука не застануваат проблемите, следно се квотите за челикот, така што проблеми има континуирано, тие се тука и ќе се решаваат – рече Мицкоски во изјава за медиумите по промоцијата на програмските приоритети на програмата „Еразмус+“ за 2026 на Економскиот факултет при УКИМ.

Тој повтори дека мора да се надмине проблемот со транспортерите и уверен е дека решението се наѕира и очекува следниот месец работата да биде завршена.

Во однос на изјавата на вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски дека ако не се реши проблемот со транспортерите ќе има колапс на економијата, Мицкоски рече дека неговата изјава била повеќе во насока дека поради блокада на граничните премини, ќе нема трговска размена меѓу земјите.

– Тоа повеќе ќе имплицира и кон нашиот јужен сосед. Вие знаете и во Хрватска владата реагира, и министерството таму исто така реагира. Повеќе беше кажано во таа насока по што тоа беше пречекано од страна на опозицијата на нож, веднаш беше спинувано. Инаку, граѓаните и бизнисот да не се грижат, успеавме да обезбедиме на меѓународниот пазар доволно средства да ги вратиме долговите на претходната влада и со остатокот да имаме доволно средства за развој и македонската економија повторно да биде една од првите во регионот и во првите пет во Европа, така што економијата продолжува да расте и јас очекувам, покрај рекордите што ги имавме во втората половина на 2024 или 2025 година, тој тренд да продлжи и во 2026 година – рече Мицкоски.

Во вторник, 3 февруари, ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со претставници на Европската комисија за проблемот на превозниците од регионот во шенген-зоната. Новата визна стратегија на ЕУ, што ја презентира ЕК, како што беше најавено, ќе им помогне на превозниците од Западен Балкан бидејќи „ЕУ сака да овозможи пофлексибилни правила за прекуграничните работници“.

Возачите на камиони од Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина почнаа да ги блокираат граничните премини во понеделникот, 26 јануари, сметајќи дека новиот систем за контрола на влез и излез (ЕЕС) во шенген-зоната дискриминира превозници од ЕУ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation