Топ Вести - Слушај сега
Уганда ја запиша најнеобичната страница во својата фудбалска историја на Купот на Африка, откако во мечот против Нигерија беше принудена да ги искористи сите тројца голмани — нешто што ретко се гледа дури и во најдолгите фудбалски хроники.
Сценариото започна во 46. минута кога првиот голман, Денис Оњанго, се повреди и мораше да го напушти теренот. На негово место влезе Магула, кој едвај поединаесет минути подоцна доби црвен картон поради играње со рака надвор од шеснаесетникот.
Во невозможна ситуација, селекторот на Уганда го повика третиот чувар на мрежата, Нафијан Алионзија, кој стана симбол на драмата што ја следеше. Нигерија го искористи хаосот во противничките редови и со два брзи гола го запечати исходот — 3:1 за „супер орлите“.
Со оваа победа, Нигерија обезбеди пласман во нокаут фазата, а Уганда, и покрај борбеноста, ја заврши својата авантура на турнирот.
Натпреварите на АФКОН продолжуваат и на последниот ден од 2025 година, за некои со радост, за други со горчлив крај.
Tagged as:
ФУДБАЛСКО ЛУДИЛО НА АФКОН НА ПОСЛЕДНИОТ ДЕН ОД 2025
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
