Background

СДСМ: Не допира гласот до Обивнителство за криминалните тендери на власта!

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Не допира гласот до Обивнителство за криминалните тендери на власта!

Поминаа 50 дена од објавата на првите скандали, првите бомби од страна на Антикорупцискиот тим на СДСМ. Нема ниту едена реакција од ниту една институција.

Не допира гласот до Обвинителството за милионските скандали и криминални тендери на власта, нема реакција од ДКСК, нема реакција од Финансиска полиција. Молк.

Во изминатите 50 дена, Антикорупцискиот тим објави серија сериозни скандали, поткрепени со факти и докази за тоа како се делат тендери во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ.

1.Тендери од 9 милиони евра за фирма основана 2024 година, без историја и без релевантно искуство, само со двајца вработени.
Не допира гласот до Обивнителството.

2.161 тендер кај семејна фирма на Томовски во вкупна вредност од 5,3 милиони евра.
Не допира гласот до Обивнителството.

3.Сомнителен капитал преку Алта банка влегува во Македонија, иако Европската централна банка забранила влез во ЕУ поради сомнежи за потекло на капиталот и можно перење пари. А во Алта банка – цела структура на ВМРО.
Не допира гласот до Обвинителството.

4.Откивме скандал и со тендери од 1,2 милиони евра за фирма со тројца вработени. Повторно ист модел: милионски суми, минимален број вработени, истите фаворити.

5.Јавно објавивме документи и писмо на свиркачи за тендер од 1,2 милиони евра доделен на фирма блиска до ЗНАМ во Пошта.

Ниту за овие скандали не допира гласот до Овинителството.

6.Антикорупцискиот тим објави повеќе „бомби“ за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, фаворит за тендери во општини под контрола на ВМРО. 51 тендер од општините, 16 милиони евра јавни пари.

7.Сопственикот бил член на Избирачки одбор на ВМРО-ДПМНЕ а тендерската мрежа се шири преку семејни и партнерски фирми.

8.Дополнително, објавивме и на кој начин целата пирамидална мрежа на фирми води директно до кабинетот на премиерот Мицкоски и Владимир Нелоски.

Нема допрен глас за овие скандали и покрај сите овие јавно изнесени факти, документи, бројки и докази.

Затоа власта презема контрола врз сдуството и обвинителството во обид да се спаси од одговорност за криминалните тендери.

Нема бегање од одговорноста.

Работата не е завршена!

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation