Background

Се заканува ли масовно затворање на трафиките, тобаката и малите дуќани ако се усвои предложениот Закон за заштита од пушење?

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Се заканува ли масовно затворање на трафиките, тобаката и малите дуќани ако се усвои предложениот Закон за заштита од пушење? Трговците на мало сметаат дека на конец висат голем број работни места поради најавените ригорозни одредби. Тие се сериозно загрижени за судбината на своите бизниси и за нивната егзистенција, особено во случаите кога станува збор за бизнис од кој се прехранува целото семејство. Дали ќе бидат исправени пред дилемата за клуч на врата? Одговорот им зависи токму од новиот закон и тие се согласни дека во секој случај овој закон ќе резултира со сериозен удар и далекусежни негативни последици по нивните дуќани.

- Advertisement -
Ad image

Трговците на мало нижат негативни забелешки на предложениот текст на платформата ЕНЕР, односно Единствениот национален електронски регистар на прописи. Тие го преплавија системот кој овозможува поднесување на коментари до 9 февруари. Со свои предлози и критики предничат сопствениците на дуќани и трафики, кои апелираат дека е неопходен поправеден систем кон малите трговци, со проценка на реалните ризици по семејните бизниси, бидејќи, како што додавааат, новиот закон нуди само забрани, но не и решенија за реалните проблеми со кои тие се соочуваат.

„Предложеното законско решение сериозно нѐ погодува нас, малите трговци, кои работиме легално согласно сите важечки законски прописи. Особено сме погодени сите што изминатите години инвестиравме значителни средства за да го уредиме продажниот простор со неопходната опрема, витрини и безбедносни системи, сето тоа прилагодено за продажба на тутунски производи од кои реално го заработуваме најголемиот дел од приходите. Со новите законски ограничувања, овие инвестиции практично стануваат бескорисни, а загубите за нас ќе бидат огромни. Особено се погодени продажните објекти кои се мал, семеен бизнис, на кои продажбата на цигари и тутунски производи им е главен извор на егзистенција“, пишува трговецот В. Берков на платформата ЕНЕР.

Тој додава дека вложувањата се направени со кредити и големи задолжувања, а оваа нагла промена ќе им предизвика сериозни финансиски проблеми, што за голем дел од нив би значело целосно затворање на бизнисот од кој се хранат многу семејства.

„Без преоден период, малите трговци ќе бидат доведени во неизвесна и хаотична состојба, бидејќи тоа значи нагло откажување на веќе потпишаните годишни договори со дистрибутерите на цигари и тутунски производи, преуредување на просторот, отстранување на брендингот од објектите… Сето тоа ќе доведе до финансиски колапс на малите продажни објекти, отпуштање на вработени, а кај голем дел тоа ќе значи целосно затворање на објектите“, коментира А. Киров.

„Изминатите години се инвестираа значителни суми за опрема и уредување на дуќаните, сето тоа преку кредити и задолжувања. Ова ќе биде крај за семејните бизниси на кои продажбата на цигари им е еден од главните извори“, нагласува Ј. Митрески.

Претходно и од Групацијата за производство на цигари побараа Законот за заштита од пушење да се усогласи со економската реалност во земјата, зашто тој негативно ќе се одрази и на државниот буџет. Групацијата истакнува дека нацрт-законот ќе доведе до сигурно намалување на работните места во тутунската индустрија и во угостителскиот сектор, како и тежок удар врз малопродажниот трговски сектор, кој се очекува да ја загрози егзистенцијата на повеќе од 4.000 малопродажни места во државата, од кои голем дел се мали и семејни бизниси, без притоа да понуди модел решение и транзиционен период за прилагодување на тековната работа и залихи во сите канали.

– Забраната би предизвикала сериозни финансиски последици врз малите семејни бизниси (тобака, мини маркети), намалена продажба, но и поттикнување нелегална трговија. Дополнително, забраната би предизвикала спротивен ефект од она што ние со години се обидуваме да го постигнеме – контролирана комуникација и обучен вработен кадар кој се грижи информацијата да стигне само до полнолетните корисници – се нагласува во ставот на Групацијата.

Оттаму укажуваат и на сериозни финансиски последици и додаваат дека во Македонија активно работат две фабрики за производство на тутунски производи, кои придонесуваат со голем удел во приходите во државниот буџет, извозниот капацитет и вработуваат неколку стотини македонски граѓани.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation