Background

СО ЕДЕН КЛИК ВО АПЛИКАЦИЈАТА WOLT СЕ РАЗДВИЖУВА ЦЕЛА „ВОЈСКА“

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Врне дожд во градот и надвор е студено, а топлината во домот ги замаглила и прозорците. Имаш само една единствена мисија, да останеш стуткан под ќебето додека „скролаш“ на мобилниот апарат. Неколку типкања на уредот и само секунди подоцна, вечерата е веќе на пат кон тебе.

- Advertisement -
Ad image

Со само еден допир на копчето „Нарачај“ ги раздвижуваш сите – келнерот, готвачот, доставата.

Што всушност се случува зад допирот на „Нарачај“ за апликацијата да одговори со брза и квалитетна испорака и да го добиеш посакуваниот оброк?

Со симнување на апликацијата Wolt стануваш дел од една светска мрежа. Технологија која работи во реално време, во повеќе земји, со илјадници нарачки што се движат паралелно. Wolt е европска технолошка компанија со седиште во Хелсинки, основана во 2014 година, која денес развива платформа за локална трговија и логистика, поврзувајќи потрошувачи, локални бизниси и курир партнери во повеќе од 30 земји.

Апликацијата што „те разбира“

Wolt почнува со работа уште пред да одбереш што ќе нарачаш. Кога ќе ја отвориш апликацијата првото што го гледаш не е случајна листа, туку персонализирана мапа на градот со храна и со продавници. Тоа е моментална слика за тоа што твоето маало реално може да ти достави токму сега. Овој приказ се обликува според твоите претходни нарачки, според тоа што им се допаѓа на други корисници со слични навики, според тоа кои бизниси во моментот работат и според тоа колку брзо нарачката навистина може да стигне до твојата адреса.

Апликацијата не се потпира на чувствителни лични податоци, а корисниците можат во секое време да ја ресетираат персонализацијата. Целта е едноставна: да стигнеш до „она што ти се јаде“ побрзо, со помалку скролање и да ти останат повеќе моменти како „ова е совршено“.

Како што Wolt се прошири надвор од рестораните во прехранбени производи, аптеки, козметички производи и електроника, еволуираше и самата апликација. На почетокот на 2026 година, Wolt го претстави својот најголем редизајн на апликацијата досега, преиспитувајќи го начинот на кој луѓето откриваат што може да понуди нивниот град. Наместо да пребарува продавница по продавница, апликацијата сега им помага на корисниците да започнат со она што всушност им е потребно, прикажувајќи производи низ категории и трговци на едно место. Попаметното пребарување, побрзото откривање и пофлексибилниот дизајн ги прават секојдневните одлуки поедноставни, со помалку допири и помалку скролање, а воедно им даваат на локалните бизниси повеќе можности да бидат пронајдени.

Моментот кога ќе кликнеш „Нарачај“

Тука работите навистина забрзуваат. Апликацијата почнува со организација на нарачката.

Во секунда кога нарачката е направена и ресторанот ќе ја прифати, системите на Wolt веднаш утврдуваат кој доставувач во близина е достапен во тој момент, се зема предвид видот на превозното средство, се проценува големината и тежината на нарачката, се вклучуваат услови во реално време како сообраќај, дожд, снег или градски настани и се одлучува дали доставата може ефикасно да се комбинира со друга нарачка во близина. Илјадници нарачки, илјадници доставувачи, десетици променливи, сè балансирано во реално време.

Да се избере вистинскиот доставувач, не најблискиот

Спротивно на популарното мислење, Wolt не го праќа едноставно најблискиот доставувач.

Секогаш го бара најдоброто решение. Мала нарачка од маркет може да ја преземе велосипедист што полесно се пробива низ сообраќај. Поголема и потешка нарачка може да е попрактично да ја носи доставувач со автомобил. Системот може да ги спои две достави кои се во ист правец со што се намалуваат непотребните возења, се олеснува метежот и се намалуваат емисиите, и тоа често без корисникот воопшто да забележи нешто, освен дека сè пристигнува навреме.

Пред да одлучат дали да ја прифатат или одбијат било која понуда, доставувачите ги гледаат сите релевантни детали: рутата, вкупната дистанца и минимално загарантираната заработка.

Град што учи секој ден

Ниту движењето во градот не секогаш е исто, понекогаш има снег, понекогаш гужва. Затоа Wolt користи систем за оптимизација на рутата за доставувачот, која што се прилагодува на условите во реално време. Системот автоматски учи што функционира најдобро во конкретната средина и ги менува приоритетите за да се подобрат времето на испорака и ефикасноста на доставувачите.

На нов пазар, апликацијата може да ја стави сигурноста на прво место, осигурувајќи дека нарачките стигнуваат навреме за да се изгради доверба. Во поразвиен град, фокусот може да биде на ефикасност, со намалување на растојанијата и „празниот“ од на доставувачите.

Одбројувањето на кое му веруваш

Тајмерот за достава што го гледаш на екранот не е претпоставка. Една од најтешките работи е точната проценка „кога ќе стигне“. Wolt дава проценки за време на достава во неколку клучни моменти: додека разгледуваш, непосредно пред наплата и континуирано додека нарачката патува кон тебе. Зад тоа одбројување стои систем што зема предвид реални податоци за сообраќај, тековни временски услови, комплексност на паркирање, тип на возило на доставувачот и историски модели на достава. затоа храната често пристигнува порано од очекуваното, не подоцна. Тоа не е оптимизам. Тоа е систем што учи од реалниот свет, час по час.

Една нарачка, многу придобивки

Една единствена достава прави повеќе од тоа само да те нахрани. Им помага на локалните ресторани да стигнат до нови гости без да отвораат нови локации. Им дава на доставувачите флексибилни можности за заработка. Ги намалува непотребните возења преку паметно спојување на нарачки. И придонесува парите да останат во локалната економија.

Низ Европа, Wolt поддржува десетици илјади мали бизниси, најчесто со една или две локации помагајќи им на маалата да останат живи, особено во студените месеци кога излегувањето не е секогаш опција.

Тивката магија на еден едноставен допир на екранот

На крајот, кога нарачката ќе пристигне и ти конечно ќе ја отвориш кесата, најверојатно ќе кажеш „еј, ова беше лесно“. Сети се што сѐ се случувало во позадина. Тој момент е овозможен од технологија развиена во Европа, дизајнирана не да ги замени луѓето, туку да ги поврзе подобро.

Затоа што во суштина, Wolt не е за алгоритми. Туку за тоа секојдневниот живот да биде барем малку полесен, дури и во најстудените зимски вечери.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation