Background

ПРЕПИСКА МЕЃУ ЉУБОВНИЦИТЕ ОТКРИВА ДЕТАЛИ ЗА СЕКС-СКАНДАЛОТ ВО ЦРНА ГОРА

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Се појавија фотки од преписката меѓу љубовниците во секс-скандалот кој го тресе државниот врв во Црна Гора. Освен експлицитните видеа на кои се гледа поранешната државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права, Мирјана Пајковиќ, на дел од материјалите се гледа и непознат маж.

- Advertisement -
Ad image

„Јас не те одбив“, „Да не те видат моите очи“, „Сама си ја заврши кариерата, те мислев за поинтелигентна“, „Ќе дојдеш за нешто, кога-тогаш“, гласат дел од пораките.

Фото: Принтскрин

Нејасно е дали љубовникот на снимките е поран Дејан Вукшиќ, поранешниот шеф на црногорската Служба за национална безбедност АНБ и екс-советник на претседателот Јаков Милатовиќ. Вукшиќ поднесе оставка во ист период со Пајковиќ и си разменија кривични пријави. Нејасно е и кој ги дистрибуирал фотографиите и видеата од мобилниот телефон на Вукшиќ, кои за кратко време станаа вирални на интернет.

 

 

Во интервју за веб-телевизијата „Дана“, Пајковиќ изјави дека откако таа одбила да ги исполни неговите барања, Вукшиќ отворено ѝ се заканил со компромитирачки материјал, губење на професионалниот интегритет и личната безбедност.

Фото: Принтскрин

Таа тврди дека заканите ги сметала за особено сериозни, со оглед на тоа што доаѓале од лице кое во тој момент имало значителна моќ и влијание во државниот безбедносен апарат. Таа особено го критикуваше недостатокот на реакција од државните органи, нагласувајќи дека ниту обвинителството ниту кабинетот на претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ не одговориле навремено на нејзините извештаи.

Според неа, претседателот Милатовиќ бил запознаен со кривичните пријави и наводите за однесувањето на неговиот советник од црногорското АНБ, Вукшиќ, но конкретна реакција следела дури откако медиумите поинтензивно се вклучиле во следењето на случајот.

Таа верува дека нејзиниот случај покажува дека законот во пракса не е еднаков за сите и дека жените во Црна Гора немаат соодветна институционална заштита.

Пајковиќ наведува дека заканите не биле упатени само кон неа, туку индиректно и кон нејзиното семејство, што дополнително ја зголемило сериозноста на ситуацијата. Таа тврди дека за сè навремено ги информирала надлежните институции, но дека реакцијата изостанала или била задоцнета. Според неа, дел од пријавите завршиле без конкретен епилог, сè додека аферата не излезе во јавноста преку медиумите.

Од другата страна, Вукшиќ ги негира обвинувањата за уцени и закани. Тој тврди дека нема никаква поврзаност со создавањето или дистрибуцијата на експлицитните снимки и дека неговиот мобилен телефон бил украден и подоцна злоупотребен.

Ова тврдење е дел од кривичната постапка што моментално ја разгледува Основното државно обвинителство во Подгорица.

Обвинителството потврди дека се водат одделни предмети по пријавите на Пајковиќ, како и по наводите што ги изнесе Вукшиќ. Засега не се соопштува дали истрагата е проширена и кон трето лице, но институциите најавуваат дека ќе ги проверат сите околности околу протекувањето на материјалите.

Ѓорѓе Савовиќ, уредник на ТВ Адрија Монтенегро, смета дека постојат индикации дека Вукшиќ е вклучен во скандалот. Тој вели дека секс-скандалот го одвлекува вниманието на јавноста додека Црна Гора има проблеми .

– Овој случај фрла сенка, што е контрадикторно, врз фактот дека Црна Гора има поголеми проблеми и клучни политички прашања со кои треба да се соочи. Во четврток имаме владина седница бидејќи прашањето е дали ќе продолжи да преживува, имаме преговори со ЕУ, имаме проблем со криминални кланови, корупција и криминал, немаме доволно судии и имаме селективен пристап кон обвинителството. Имаме недостаток на лекови, транспортерите ги блокираа сите премини во Црна Гора и постои закана од недостаток на храна и гориво. Сепак, оваа тема е доминантна – вели Савовиќ

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation