Фотографија исткната на ѕид во Белата куќа го привлече вниманието на новинарите. На неа заедно стојат шефот на САД Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин. Веднаш до неа е поставена уште една слика на која Трамп позира со едно од своите внучиња.
Фотографијата со Путин во централниот коридор што ги поврзува Западнот крило со резиденцијалниот дел ја забележа и ја сними дописничката на Пи-Би-Ес од Вашингтон, Елизабет Ландерс. Таа објави видео на мрежата Икс и напиша дека ваков експонат досега немала видено на тој ѕид.
Фотографијата со Путин потекнува од самитот во Алјаска одржан минатиот август. Таму Трамп и Путин разговараа во рамки на првата средба меѓу американски претседател и руски лидер по почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година.
Неколку дена подоцна, Трамп ја покажа истата фотографија пред новинарите во Овалната соба.
– Ми ја испратија и мислев дека ќе сакате да ја видите – им рече Трамп тогаш на новинарите.
Тој ја опиша фотографијата како прекрасна и додаде дека нејзиното испраќање го доживеал како знак на меѓусебно почитување. Притоа нагласи дека почитта не значи и согласност за сите прашања.
Според проценка на „Њујорк тајмс“, бројот на убиени и ранети во Украина достигнал околу 2 милиони луѓе, вклучувајќи војници и цивили.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
