Секој има право да протестира – рече премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар во врска со протестот што утре попладне ќе го организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за покачување на минималната плата на 600 евра.
Тој посочи дека минималната плата законски се зголемува во март, а владата ќе поддржи повисок износ, ако синдикатите и работодавачите се договорат.
– Во согласност со законот, минималната плата ќе биде зголемена во март, односно платите што ќе ги добијат работниците во април за март ќе бидат зголемени. Ние рековме дека ќе го поддржиме секое решение што синдикатите ќе го постигнат со работодавците во дипартитен дијалог – рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при работната посета на Гази Баба.
Сојузот на синдикатите на Македонија за утре најави протест на кој ќе бара минимална плата од 600 евра, зголемување на сите други плати за сто евра и достоинствен живот на работниците.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
