Background

Кого штити власта: Хотел-монструм никнува на Галичица, додека инспекторите гледаат во другата страна на езерото?!

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Цела година се гради хотел во заштитена зона, а надлежните институции молчат

- Advertisement -
Ad image

Во непосредна близина на Музејот на вода кај локалитетот Градиште, во самото срце на Националниот парк Галичица, веќе повеќе од една година никнува бетонски колос. Додека од сите страни се слушаат зборови за заштита на природата и УНЕСКО номинации, дивата градба напредува непречено, под носот на сите надлежни институции.

Градба што ја прекршува секоја заштитна норма

Објектот, кој по сè изглед претставува хотелски комплекс, се издига на локација каде било каква градба е строго ограничена според законот за заштита на национални паркови. Иронијата е што објектот се наоѓа веднаш до Музејот на вода – институција која треба да го промовира зачувувањето на природното богатство на Галичица.

Локалитетот Градиште, познат од XII-VII век пред Христа, претставува археолошко наоѓалиште од исклучително значење. Градењето на ваков објект не само што го загрозува природното опкружување, туку потенцијално ги уништува и културно-историските слоеви на овој простор.

Институционална слепило

Листата на институции што требаше да реагираат е долга, а нивното молчење е уште погласно:

Државниотградежен инспекторат – Институцијата која треба да биде првиот браник против нелегална градба, очигледно ја игнорира ситуацијата. Година дена градба во национален парк не е предизвикала ниту една инспекциска посета, ниту налог за запирање на работите,кривична одговорност и слично.

Општинскиот градежен инспекторат – Локалната власт, која најдобро ја познава секоја педа земја на својата општина, се претвора дека ништо не се случува. Нема реакција, нема санкции, нема дури ни јавно соопштение.

Министерството за култура и туризам– Министерот Љутков е редовен посетител на Музејот на вода, но очигледно “од дрвата не ја гледа шумата”. Како е можно ресорниот министер да посетува локалитет, а да не забележи масивна градба која што се одвива метри до музејот?

Управата на Национален парк Галичица – Институцијата која има директен мандат за заштита на паркот останува бездејствена пред најбруталното кршење на заштитните мерки.

Двојни стандарди за УНЕСКО

Особено е лицемерна ситуацијата во светло на постојаните најави дека регионот треба да биде подобро заштитен според препораки на  UNESCO заштита. Како една држава може да се претстави пред светската организација за заштита на природното и културното наследство, кога во најзначајниот национален парк дозволува вакво бесправие?

UNESCO  бараа не само исклучителна природна или културна вредност, туку и докази за ефективна заштита и управување. Овој случај е директен доказ дека системот за заштита на Галичица не функционира – или уште полошо, функционира селективно.

Прашања без одговор

  • Кој го издал градежното одобрение за објектот, ако воопшто постои такво?
  • Дали е направена проценка на влијание врз животната средина?
  • Кој стои зад инвестицијата и зошто се третира како недопирлив?
  • Зошто јавноста не беше навремено информирана за овој проект?
  • Каква е улогата на локалната самоуправа во овој случај?

Потреба за итна реакција

Граѓаните имаат право да знаат кој ја уништува заштитената територија и со чиј благослов тоа се прави. Потребна е итна реакција на сите релевантни институции, вклучително и:

  • Запирање на градбата до расчистување на правниот статус
  • Јавна објава на сите дозволи и документација доколку се издадени
  • Инспекциски надзор и санкции за одговорните
  • Проценка на штетата што е веќе направена
  • Можен демонтажа на објектот ако е градбата нелегална

Националниот парк Галичица е едно од најголемите природни богатства на Македонија. Секоја дивоградба во неговите граници не е само прекршок – туку е криминал против идните генерации. Ако институциите продолжат да ги држат очите затворени, прашањето е: за која цел?

Сашо Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation