Background

Француската влада директно и јавно му возврати на генералниот секретар на НАТО , откако тој изјави дека Европа не може да се одбрани без САД

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Француската влада директно и јавно му возврати на генералниот секретар на НАТО , откако тој изјави дека Европа не може да се одбрани без САД.

- Advertisement -
Ad image

Шефот на француската дипломатија Жан Ноел-Баро, реагираше без дипломатски ракавици:

„Не, драг Руте. Европејците можат и мора да ја преземат одговорноста за сопствената безбедност. Дури и САД се согласуваат. Ова е европскиот столб на НАТО“, напиша Баро на социјалните мрежи.

Руте, пак, претходно во настап пред  остана цврст на спротивната позиција:

– Ако некој мисли дека Европска Унија или Европа во целина може да се брани себеси без помош од САД, нека продолжи да сонува. Не може. Европа и САД се потребни едни на други – изјави Руте одговарајќи на прашање на францускиот европратеник Пјер-Ромен Тионе.

Тој додаде дека Европа, доколку навистина сака самостојна одбрана, ќе мора драматично да ги зголеми воените трошоци:

– Ако навистина сакате да одите сами, заборавете дека некогаш ќе можете да стигнете таму со 5%. Ќе бидат 10%. Мора да изградите сопствен нуклеарен капацитет, а тоа чини милијарди и милијарди евра. Без Америка, Европа ќе го изгуби крајниот гарант на својата слобода, а тоа е американскиот нуклеарен чадор. Па, со среќа! – порача Руте.

Во истото обраќање, тој остро ги отфрли повиците за создавање посебна европска армија:

– Путин многу би ја сакал оваа идеја, бидејќи тоа би ги растегнало европските армии и би ги направило послаби – рече Руте.

Тензиите меѓу сојузниците се продлабочија по изјавите на  за можноста САД да го преземат  и по најавите за царини за 8 европски држави кои јавно се спротивставија на американското преземање на островот Гренланд.

Подоцна, Трамп се повлече од царинските закани, откако, според наводите, со посредство на Руте бил постигнат договор за Гренланд, без објавени детали.

На последниот самит на НАТО во јули, сите членки освен Шпанија се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана на 5 проценти од бруто домашниот производ до 2035 година, но судирот меѓу Париз и Брисел јасно покажа дека дебатата за европската безбедност влегува во поостра фаза.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation