Background

Усвоени законски измени за подобра координација и ефикасност

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Во рамките на 81. пленарна седница, пратениците усвоија измените и дополнувањата на Законот за полицијата и Законот за внатрешните работи, со кои Секторот за внатрешни работи Скопје ќе се трансформира во посебен Оддел за внатрешни работи – Скопје. Со ова се воведува и нова работна позиција – началник на Одделот, кој ќе го води одделот и ќе ги координира активностите на полицијата на територијата на главниот град.

- Advertisement -
Ad image

Целта на промената е подобра организација и поголема ефикасност во работењето на полициските единици во Скопје, со оптимално користење на човечките и материјалните ресурси. Со новиот закон, положбата на раководителот добива повисок статус во рамките на полициската структура, а истовремено се врши и терминолошка корекција во однос на криминалистичко-техничките работи.

„Оваа организациска единица со предложените законски измени и дополнувања добива повисок организациски статус во рамките на полициската структура. Дополнително, со предлог-законот се извршува и терминолошка корекција во однос на криминалистичко-техничките работи“, се наведува во образложението на предлог-законот, предложен од група пратеници.

Поради потребата од појасно разграничување на организациските единици за внатрешни работи, како и прецизирање на начинот на утврдување на секторите за внатрешни работи и Одделот за внатрешни работи – Скопје, со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешните работи, по скратена постапка, се предвидува дополнување со нова работна позиција – началник на Одделот за внатрешни работи – Скопје.

Предложеното уредување на оваа област произлегува од воспоставениот модел во минатото, со кој во Министерството за внатрешни работи раководителот на Секторот за внатрешни работи имал повисока позиција во однос на раководителите на другите сектори. Истовремено, решението ја следи и територијалната поставеност во државата, при што градот Скопје е издвоен како посебна територијална организација во однос на другите единици на локалната самоуправа – се наведува во предлог-текстот.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на седницата рече дека овие закони треба да се носат во редовна постапка бидејќи се врши промена во структуратаа на Министерството за внатрешни работи.

Седницата почна со опозициските прашања до владините функционери.

На дневен ред на оваа 81. седница седница се и предлог-одлуката за изменување на одлуката за одобрување да се продолжи рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, предлог-законот за престанување на важењето на Законот за вонсудското спогодување, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжителното социјално осигурување, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за системот за процена на лицата со попреченост, предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на проектот за изградба на фискултурни сали, сите во второ читање, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешните работи и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полицијата, и двата по скратена постапка.

Исто така, пред пратениците се и финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурувањето за 2026 година, предлог-одлуката за давање согласност на предлогот на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2026 година и предлог-одлуката за давање согласност на предлогот на годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2026 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation