Топ Вести - Слушај сега
Советот на јавните обвинители на денешната седница на го избра обвинителот Анел Фидоски за шеф на Основното јавно обвинителство Скопје.
Покрај Фидоски, за функцијата конкурираа и досегашниот јавен обвинител на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски, како и обвинителите Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.
По гласањето, Фидоски доби најголема поддршка од членовите на Советот и со 7 гласа „за“ беше избран за нов шеф на ОЈО Скопје.
Бубевски доби 5 гласа, Трајчевска и Андонова по еден глас, а за Петрески никој не гласаше „за“.
Со оваа одлука, Фидоски ќе раководи со најголемото обвинителство во Македонија, кое постапува по најголем број предмети и најсложени кривични дела.
Фидоски во јавноста е познат по гонењето на убијците на Никола Саздовски, член на навивачката група „Комити“, предметот против поранешниот премиер Владо Бучковски за случајот „Тенковски делови“, како и со постапките поврзани со случајот на малата Тамара од Велес, која почина додека чекаше државна помош за лекување во странство.
Со 10 гласа Бесир Алиу беше избран за шеф на Основното јавно обвинителство Тетово.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
