Топ Вести - Слушај сега
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека е задоволна што грипот не достигнал размери кои би наложиле продолжување на зимскиот распуст и што учениците денеска непречено го започнаа второто полугодие од учебната година.
Во гостување на Македонската радио-телевизија, Јаневска истакна дека во образовниот систем е потребно воведување поголем ред, особено имајќи предвид дека учениците во земјава и онака имаат помал број наставни часови во споредба со нивните врсници во Европа.
Нејзината порака доаѓа по актуелните јавни дилеми изминативе денови, кога се поставуваше прашањето дали поради зголемениот број заболени од грип ќе има продолжување на зимскиот распуст.
Според Јаневска, сите релевантни истражувања, и домашни и меѓународни, покажуваат дека подолгиот престој на децата во училишните клупи директно влијае врз подобри резултати, повеќе знаење и развој на вештини и компетенции.
„Нашите ученици до 15-годишна возраст имаат околу 900 наставни часови помалку од нивните врсници во Европската Унија, чии стандарди сакаме да ги достигнеме и во чие семејство тежнееме да се приклучиме. Затоа е важно и родителите и возрасните да бидат свесни дека редот во образованието мора да се почитува“, порача министерката.
Учениците денеска го започнаа второто полугодие од учебната 2025/2026 година, по тринеделниот зимски распуст.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
