Background

Киев ја минал ноќта под звуците на експлозии

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Киев ја минал ноќта под звуците на експлозии. Русија нападнала со балистички ракети и беспилотни летала, додека земјата се соочува со температури под нулата и сè подлабока енергетска криза, јавува „Киев Индепендент“.

- Advertisement -
Ad image

Околу два часот по полноќ, Воздухопловните сили на Украина предупредиле дека руски ракети се движат кон главниот град. Одекнале експлозии во неколку делови на Киев, а војската потврдила дека Русија испратила и бомбардери МиГ-31 вооружени со хиперсонични ракети Кинжал. Втор бран дронови бил забележан околу пет часот наутро, проследен со нови напади кон 6:30 часот.

Без струја и без топлина

Во источниот дел на Киев е прекинато снабдувањето со електрична енергија и вода, потврди градоначалникот Виталиј Кличко. Едно лице е повредено во округот Днепровски, а нестанбени објекти се оштетени. Војската пријави дека неколку возила биле запалени.

Подземната железница сообраќала со прекини поради „тешката енергетска ситуација“.

 

 

Ракетни траги и пожари низ Украина

Експлозии биле регистрирани и во Днепровската и Харковската област. Во Запорожје, остатоци од беспилотно летало запалиле семејна куќа.

Гувернерот Иван Федоров изјави дека пожарот бил ставен под контрола, но нападите продолжуваат и обемот на штетата се уште се утврдува.

Русија подготвува масовен удар?

Претседателот на Украина Володимир Зеленски во видео обраќање предупреди дека Москва планира серија напади:

– Во наредните денови мора да останеме исклучително внимателни. Русија се подготви за удар – масовен удар – и чека момент да го изврши – рече Зеленски.

На 14 јануари тој прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор, откако руските удари ја уништија значителна инфраструктура.

Според градските власти, Киев ја доживува најтешката зима од почетокот на војната – илјадници граѓани останале без греење, топла вода и електрична енергија.

Киев Индепендент на 14 јануаи напиша дека ова е најтешката зима од почетокот на руската инвазија, со најголеми прекини во електричната мрежа и температури кои паднале под минус 20 степени“.

УкрЕнерго, државниот оператор на мрежата, во своето соопштение на 13 јануари потврдил дека повеќе од 60% од инфраструктурата на Киевска област е оштетена и дека градот е во „најкритична состојба од 2022 година“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation