Топ Вести - Слушај сега
Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18 часот ќе го има последниот натпревар од првата групна фаза на Европско првенство 2026. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Романија.
Правдата ќе ја делат словенечките судии Давид Сок и Бојан Лах.
Македонците со победа ќе ги зачуваат шансите за пласман во втората фаза. Потребен е триумф со што поголема гол разлика, а исто таков епилог ќе треба да има на средбата меѓу Данска и Португалија.
Во пресрет на средбите од третото коло во Б-групата, Данска е прва со четири бода, Португалија е втора со три бода и гол разлика +6, Македонија е трета со еден бод и -12, додека Романија е последна без освоен бод.
Во следната фаза ќе одат двете првопласирани, но и третото место е од големо значење за добивање полесен противник во жрепката за Светското првенство 2027.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
