Background

Заканувачка порака од Трамп

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека Данска не успеала да ја отстрани „руската закана“ по Гренланд и оти сега е време за тоа.

- Advertisement -
Ad image

„Сега е време и тоа ќе биде направено!!! НАТО веќе 20 години ѝ кажува на Данска дека мора да ја отстрани руската закана по Гренланд. За жал, Данска ништо не можеше да направи за тоа прашање, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social).

Трамп тврди дека поради националната безбедност и засиленото присуство на Русија и на Кина на Арктикот, САД треба да ја преземат контролата врз Гренланд. Тој најави дека од 1 февруари ќе воведе царини за осум европски држави, што ќе бидат во сила додека „не биде склучен договор за целосна и комплетна продажба на Гренланд“. Трамп најави и дека царините би можеле да се зголемат и до 25 проценти од 1 јуни.

Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска и Велика Британија во вчера објавената заедничка изјава наведоа дека таквите чекори ги поткопуваат трансатлантските односи. Исто така наведоа оти како членки на НАТО се посветени на зајакнување на безбедноста на Арктикот како заеднички трансатлантски интерес.

На синоќешниот состанок на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер), според дипломатски извори, е договорено ЕУ да не презема „одмазднички мерки“ на најавените американски царини „најмалку до февруари“. На состанокот на Корепер била разгледувана и опцијата за активирање на „инструментот против принуда“ кон САД, кој предвидува ограничување на увозот на стоки и услуги во ЕУ. Овој инструмент на ЕУ досега никогаш не бил користен.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation