Background

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА КУЛТУРА И КУЛТУРНО ТВОРЕШТВО НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА

ОПШТИНА ДЕБРЦА

 

 

- Advertisement -
Ad image

Врз основа на член 22 став 1 точка 5 и член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 15 став 1 точка 5 од Статутот на Општина Дебрца („Сл. гласник на општина Дебрца“ бр. 3/2005), Градоначалникот на Општина Дебрца објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

 

ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА КУЛТУРА И КУЛТУРНО ТВОРЕШТВО НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА

 

           ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

 

Инвестирањето во културата, културното творештво и презентација на културните вредности на општина Дебрца е значаен приоритет во работењето на општината. Согласно програмата за култура за 2026 година, Општина Дебрца на Јавниот повик за финансирање на проекти од јавен интерес на Општина Дебрца за 2026 година од областа на културата, ќе поддржи идеи на здруженија на граѓани, како и активности на поединци и останати субјекти кои ќе придонесат за промоција на културните вредности и традицијата на општина Дебрца. Предлог проектите треба да се однесуваат на активности од областа на културата кои ќе бидат насочени кон директна помош на општина Дебрца во остварување на нејзината основна функција и предвидени конкретни активности.

Целта на реализација на оваа активност е Општина Дебрца да обезбеди стимулирање и презентација на вредностите и достигнувањата од јавен интерес во областа на културата и културното творештво, презентација на специфичните традиции во општината со цел нивно зачувување од заборав и пренесување на нив до младата генерација.

Согласно законската регулатива а во согласност со донесената програма за култура за 2026 година, Општина Дебрца како единица на локалната самоуправа води активна политика на силна финансиска поддршка во областите: организација на културни настани, активности, манифестации како и поддршка на здруженија на граѓани, поддршка на талентирани поединци и млади неафирмирани уметници, проекти од областа на ликовната и музичката уметност, брендирање и креирање на локални културни производи и сувенири.

 

 ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

 

– Здруженија на граѓани, асоцијации и слично, поединци кои работат во областа на културата и културното творештво чии што предвидени активности се на територијата на општина Дебрца или се однесуваат на богатите традиции кои ги имаат населените места во општината Дебрца.

 

            НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

 

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на предлог проект, каде   детално ќе биде образложена идејата и ќе има финасиска рамка.

Предлог идеите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, ќе се реализираат  во рамките на програмата за култура во текот на 2026 година.

Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот, за кои учесникот на Јавниот повик цени дека е потребно да ги достави.

Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и нецелосни предлог проекти без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.

Пријавите со документите се доставуваат во затворен коверт: Општина Дебрца с. Белчишта, со назнака за „Јавен повик за финансирање на проекти од област култура и културно творештво на општина Дебрца за 2026 година“  – лично во архивата на Општина Дебрца.

Јавниот повик ќе трае најдоцна до 28.01.2026 година (среда), до 15.00 часот.

Во прилог на пријавата барателите се должни да ја обезбедат и следнава

документација:

Правните субјекти – здруженија на граѓани да достават:

а) Пополнета пријава/апликација (пријавата ќе биде објавена на веб-страницата на

општина Дебрца: www.debrca.gov.mk);

б) Копија од Тековна состојба за регистрирана дејност не постара од шест месеци,

издадена од Централен регистар на Република Македонија;

в) Потврда за отворена и активна жиро сметка во банка не постара од шест месеци;

г) Референтна листа за претходно организирани и реализирани програми, проекти,

програмски активности и манифестации во последните три години.

Физичките лица – уметници и самостојни уметници да достават:

а) Пополнета пријава/апликација (пријавата ќе биде објавена на веб-страницата на

општина Дебрца: www.debrca.gov.mk);

б) Кратка биографија и СV на апликантот;

в) Копија од предната страна на трансакциска сметка (исклучиво лична на

апликантот, не ополномоштена од трето лице, а доколку барателот е малолетно лице трансакциската сметка треба да е исклучиво лична на барателот ополномоштена од

родител/старател).

 

 КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

 

За да се утврди дека програмите и проектите се од интерес на Општина Дебрца, тие треба да исполнуваат најмалку еден од следниве општи критериуми:

 

  • развој и унапредување на дејностите од областа на културата на територијата

на општина Дебрца;

  • чување и афирмирање на материјалното, духовното и културното наследство

на општина Дебрца;

  • достапност на културните добра и вредности до граѓаните;
  • континуитет на традиционалните културно-уметнички манифестации што се

од интерес за општина Дебрца;

  • презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и

јавната уметност;

  • афирмирање и поддршка на млади уметници и автори,
  • развивање на младинската култура во чии рамки ќе се поддржуваат креативни

и едукативни проекти;

  • поддршка и развивање на традиционалните културни вредности;
  • одбележување јубилејни настани и значајни датуми;

користeње на културното наследство како ресурс за развој на туризмот;

  • организирање на кампањи, работилници и предавања за промоција и

значењето на културното наследство значајно за општина Дебрца;

  • издавање на книги и електронски изданија, публикации, монографии,

зборници што обработуваат теми од современиот живот и историјата на

Дебрца;

  • Поддршка на постојните и нови фестивали, изложби, ревии и гастро-настани кои

придонесуваат кон продолгување на туристичката сезона и зголемување на

посетеноста.

  • Поттикнување на учество на локални уметници, млади, занаетчии и жители во

подготовката и реализацијата на културно-туристички настани, со цел градење на

заеднички идентитет и гордост.

  • Поттикнување научни и теренски истражувања за нематеријалното и материјалното културно наследство, со особен акцент на локалните преданија, обичаи, уметнички изрази и духовна традиција.

 

 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК

 

Избраните проекти за финансирање ќе бидат објавени на веб страната на општина Дебрца: www.debrca.gov.mk, и со секој добитник ќе биде склучен договор за регулирање на меѓусебните права и обврски а средствата за реализација на овие активности се предвидени во рамки на Програмата за култура на општина Дебрца за 2026 година.

 

 ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

 

            Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел: 046/286855.

Прилог:Апликационен-формулар култура

ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                        Градоначалник

                                                                                                     Златко Сиљаноски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation