Неказнивоста за убиствата на новинари е во пораст – за првпат од 2012 година – предупреди денеска Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) во извештај објавен по повод Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата врз новинарите.
Годинава, „глобалната стапка на неказнивост за убиствата на новинари се зголеми за еден процентен поен, достигнувајќи 86 отсто“, се наведува во извештајот. Се истакнува дека, пред ова, стапката постојано опаѓала од 2012 година – намалувајќи се од рекордното ниво од 95 отсто на 85 отсто во 2024 година.
Стапката на неказнивост ги опфаќа убиствата за кои истрагите или не дале никакви резултати, или пак сè уште се во тек.
Извештајот, кој се објавува на секои две години, ја документира смртта на 189 новинари, медиумски работници и креатори на содржини на социјалните мрежи кои се занимавале со новинарски активности во текот на 2024 и 2025 година – вклучително и 14 жени.
Според извештајот на оваа организација на ОН со седиште во Париз, ова претставува најсмртоносниот двегодишен период за новинарите во последната деценија.
Две третини од овие лица (67 отсто) биле убиени во зони на конфликт, како што се палестинските територии, Јемен или Украина.
Од 2006 година, кога УНЕСКО почна да ги следи ваквите инциденти, ширум светот се убиени вкупно 1.641 новинар. Некои податоци што ги изнесува УНЕСКО во овој документ се разликуваат од оние што ги објавуваат Комитетот за заштита на новинарите или организацијата „Репортери без граници“ (RSF).
УНЕСКО ги објаснува овие разлики со напомената дека „понекогаш може да биде тешко да се проценат околностите под кои настапила смртта, со оглед на тоа што природата на конфликтите постојано се менува“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
