Background

Mакедонија до февруари ќе ги заврши домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ, а останатото ќе биде лобирање и договор

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Mакедонија до февруари ќе ги заврши домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ, а останатото ќе биде лобирање и договор, рече вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

- Advertisement -
Ad image

Тој не смета дека Црна Гора и Албанија пред Македонија ќе ја добијат оваа поволност зашто, како што истакна, сиот ангажман зависи од секоја држава поединечно.

– И тогаш кога првпат ја спомнав оваа замисла и идеја, беше дека ние мораме да си ги завршиме нашите домашни обврски и тие ќе ги завршиме до февруари. Останатото ќе биде лобирање и договор на ниво Македонија – ЕУ и Западен Балкан – ЕУ – нагласи министерот во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Според него, она што Македонија треба да го заврши се четири регулативи пренесени во Законот за електронски комуникации, во една измена, и дополнително еден или два подзаконски акти.

– Ова прашање е едно од најважните кои нè засегаат и сметам, барем според мое мислење, е на ниво на визната либерализација, затоа што навистина се чувствува придобивката да бидете дел од поширокиот европски простор и во рамки на телекомуникацискиот свет. За нас беше топ-приоритет, но во ниту еден момент не бевме поставени во групата на Украина и Молдавија, кои први го започнаа процесот што беше инициран и од војната во Украина и од напливот на бегалци од Украина кон Полска и кон останатите држави на Европската Унија – напомена Андоновски.

Како што потенцира министерот, има две страни во договарањето за „роаминг како дома“ – едната е политичка, а другата е завршувањето на домашната задача.

– Политичкиот аспект потекна како проект од Украина и поради тоа тие беа ставени на брза лента и нивниот процес е завршен, а тие можат да ги користат услугите од оваа година. За нас, како и за Црна Гора и Албанија, беше најавено дека процесот ќе се одвива во текот на 2026 година, доколку ние ги имаме исполнето домашните обврски – рече министерот.

На прашањето дали станува збор за нефер и непринципиелен однос на ЕУ или за отсуство на иницијативност од земјите од регионот, вклучувајќи ја и Македонија, тој е дециден дека воопшто не се работи за отсуство на иницијативност.

– Не, не би се согласил дека е отсуство на иницијативност, зашто првпат се повика Европската Унија да обезбеди еднакви роаминг-услови за Македонија и за регионот уште на почетокот на Берлинскиот процес, кога тоа беше овозможено за државите од Западен Балкан, што значи дека и моите претходници и претходните влади се обидувале на некој начин да дискутираат, но ќе дојдам до тоа дека, за жал, не беше завршена домашната задача. Вториот аспект, политичкиот, сметам дека потекна од Украина поради кризата и беше вграден во договорите со Украина и со Молдавија во моментот кога тие беа потпишани. Кај нас и кај Црна Гора и Албанија нема потпишано таков вид договор, што значи ќе треба билатерално да се договараме. Во нашите договори за стабилизација и асоцијација не стојат прашањата на роаминг како можност за ослободување. Околу домашната задача – ние требало уште од 2018 година да го приспособиме европскиот комуникациски код. Тоа е еден голем законик на Европската Унија, во нашиот Закон за електронски комуникации, и уште четири други регулативи – две од 2016 година, една од 2018-2019 и една од 2022 година. За жал, ниту една од овие регулативи не биле пренесени во македонското законодавство. Ние направивме голем чекор со донесувањето на Законот за електронски комуникации во текот на 2025 година и на крајот на 2025 дополнително го доусогласивме – објасни министерот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation