Запленети се 5.050 штеки цигари и електронски цигари на граничниот премин Стар Дојран при што лишен е од слобода српски државјанин, соопшти полицијата.
Вчера, (11.01.2026) во 17:53 часот на излез од Македонија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс, го лишиле од слобода М.Г.(56) од Србија, кој управувал товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитц“ со српски национални ознаки.
При граничната контрола, утврдено е дека е фалсификуван WIN бројот на полуприколката во сообраќајната дозвола. При извршен преглед во полуприколката, со помош на специјален уред – ендоскоп пронајден е скриен бункер, во кој се пронајдени вкупно 5.050 штеки, од кои 800 штеки цигари и 4.250 штеки електронски цигари.
Против М.Г. ќе бидат поднесени кривични пријави по чл. 378 – „фалсификување исправа“ и по чл. 278 – „криумчарење“ (акцизна стока) од Кривичниот законик.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
