Background

Раперот цензуриран за време на преносот во живо од доделувањето на наградите

На годинешното доделување на Златните глобуси за првпат беше воведена категоријата – награда за најдобар поткаст.

Оваа награда, на првата победничка во категоријата, Ејми Полер со поткастот „Good Hang“ ѝ ја врачи познатиот рапер чие појавување на сцената, поточно, дел од она што го кажа, беше цензуриран во телевизискиот пренос во живо.

Еве што беше тоа што го кажа раперот.

- Advertisement -
Ad image

 

 

– Олабавете се малку. Ова се двојно Г – Златните глобуси, а со вас е Д-О-двојно-Г“, изјави тој. Уживајте и не бидете вкочанети, малку раздвижете се! – им порача раперот на присутните, а потоа се пошегува и на сметка на новата категорија – награда за најдобар поткаст.

– Најдобар поткаст е многу важна категорија за мене, бидејќи пред поткастите, јас бев тоа што го слушавте во автомобилите. Вие поткастери подобро надевајте се дека нема да влезам во таа игра – рече Снуп, пред да ја прогласи за победничка Ејми Полер.

Но, непосредно пред прогласувањето на победничката, преносот накратко беше прекинат поради тоа што 54-годишниот музичар изјави дека е во моментот „напушен како мадерфакер“.

Иако ваквата изјава е целосно во склад со имиџот на Снуп Дог (кој е и сопственик на бренд за канабис), телевизиските мрежи имаат строги правила кога станува збор за спомнување дроги и пцовки во живо.
Раперот не беше единствениот што беше цензуриран таа вечер – поради употреба на пцовки, делови од говорите беа исечени и кај добитничките Тејана Тејлор и Ерин Доерти.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖