Background

Сведоштва на млади Французи кои учествувале во спасување на жртвите од пожарот во Кран Монтана

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Француски туристи кои случајно се нашле во близина на пожарот во швајцарскиот Кран-Монтана раскажуваат за драматичните сцени и помошта што ја пружиле уште пред пристигнувањето на службите. Тие велат дека траумата ќе ја носат цел живот.

- Advertisement -
Ad image

Размерите на страдањето кои ги видел за време на пожарот во швајцарскиот Кран-Монтана длабоко го потресле 22-годишниот француски турист Жереми Ална кој се нашол на местото на несреќата. Тој и неговите пријатели биле меѓу првите кои им помагале на повредените, уште пред пристигнувањето на итните служби, а сцените на кои биле сведоци, вели, ќе го прогонуваат цел живот.

– Луѓето беа во толкава неволја што можевме да слушнеме силни, страшни врисоци. Двајца мои пријатели отидоа по нив. Без двоумење влегоа во барот и извлекоа човек што го најдоа на подот. Го изнесоа надвор. Еден од моите пријатели остана со него еден до еден и пол час, постојано повторувајќи му: ‘Ќе биде сè во ред, не грижи се’ – ги опиша сведокот драматичните моменти во видео-интервју за Ројтерс.

Додека помагале на тешко повредениот маж, останатиот дел од друштвото трчал низ градот за да обезбеди ќебиња и вода за другите жртви.

– Трчавме низ целиот град, до околните барови, за да најдеме ќебиња и вода. Луѓето беа многу благодарни. Ја дадов и мојата јакна. Видов дека навистина им беше потребна помош – раскажа младиот Француз.

Само еден ден претходно и самиот бил во барот Ле Констеласион, кој го опиша како тесен подрум до кој се стигнува по мало скалило.

– Она што најмногу ме шокира се сликите што ми останаа – луѓе тешко повредени од пожарот. Некои не можеше ни да се препознаат. Мислам дека ќе бидам трауматизиран до крајот на животот – вели Ална.

Смртоносниот пожар што избувна во бар во швајцарското алпско одморалиште Кран Монтана за време на прославата на Новата година, во кој загинаа најмалку 40 лица, веројатно бил предизвикан од прскалки поствани на шишиња шампањ кои биле преблиску до плафонот и го запалиле, соопштија синоќа швајцарските власти.

Ова е во согласност со фотографиите и видео снимките од барот што циркулираат на социјалните мрежи и за кои е утврдено дека се автентични.

Вкупно 119 лица се примени во болници со повреди, од кои повеќето се сериозни. Од нивр 113 се идентификувани, меѓу нив има 71 швајцарски, 14 француски, 11 италијански и 4 српски државјани. Некои од повредените се и од Босна и Херцеговина, Белгија, Луксембург, Полска и Португалија.

Надлежните органи испитуваат дали биле почитувани сите мерки на претпазливост за противпожарна безбедност и дали треба да биде покрената кривична постапка за убиство од небрежност. Ова би било случај ако лицата кои би можеле да бидат одговорни за трагедијата се уште живи.

Фото: Принтскрин

Во интервју за новинскиот портал „20 минути“, менаџерот на барот рече дека персоналот соработува со властите.

– Ќе направиме сè што можеме за да помогнеме во разјаснувањето на причините – рекол менаџерот, чија сопруга била во барот таа ноќ и била лесно повредена.

Според жителите на Кран-Монтана, барот „Ле Констеласион“ бил особено популарен кај тинејџерите. Затоа, повеќето од жртвите веројатно биле малолетници и млади лица.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation