Background

Претседателот на САД Доналд Трамп наредил напади врз локации во Венецуела, вклучувајќи ги и воените објекти

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Претседателот на САД Доналд Трамп наредил напади врз локации во Венецуела, вклучувајќи ги и воените објекти, изјавија американски официјални претставници за Си-Би-Ес Њуз, откако рано изутринава одеканаа експлозии во венецуелскиот главен град Каракас, а беа забележани авиони во низок лет.

- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро прогласи вонредна состојба во земјата. Канцеларијата на Мадуро соопшти дека се нападнатаи главниот град на Венецуела и регионите Миранда, Арагуа и Гуара.

Венеуцелските власти за нападите ги обвинуваат САД, нагласувајќи дека „Венецуела ја отфрла американската агресија“.

„Целта на американскиот напад е да ни ја одземе нафтата и природните ресурси. Сепак, САД нема да успеат да ни го одземат богатството“, се нагалсува во соопштението.

Венецуелската влада ги повика сите политички и општествени сили во земјата да се мобилизираат.

Најмалку седум експлозии одекнаа утрово во венецуелската престолнина, Каракас, а биле забалежани и авиони во низок лет. Експлозиите се случија околу 2:00 часот по локално време (7 часот наутро по централноевропско време).

Луѓето во паника излегоа од своите домови на улиците. Јужниот дел од Каракас, вклучувајќи ја и областа во близина на голема воена база, е без струја.

Фотографии објавени од колумбиската телевизиската станица NTN24 покажуваат густ чад над Каракас, видлив и во областа на аеродромот Карлота.

На видео, пак, емитувано од каналот VPItv се гледаат неколку хеликоптери како летаат над градот ноќе.

Давид Смолански, портпарол на лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, изјави за Си-Би-Ес Њуз дека меѓу погодените цели се Фуерте Тиуна – главната воена база во Каракас, Ла Карлота – главната воздухопловна база во Каракас, Ел Волкан – сигнална антена и Ла Гваира – главно морско пристаниште на карипскиот брег.

Ова се случува откако американската морнарица нападна неколку венецуелски бродови за кои се тврди дека носеле дрога.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, со месеци се заканува дека наскоро би можел да нареди напади врз копнени цели во Венецуела. Минатата недела, за време на средбата во Флорида со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп потврди дека американските сили нападнале пристаниште во Венецуела кое се користи за трговија со дрога.

Венецуела вчера соопшти дека е отворена за разговори со САД за борба против трговијата со дрога.

Сепак, венецуелскиот претседател Николас Мадуро во претходно снимено интервју објавено во четврток изјави дека САД сакаат да изнудат промена на владата во Венецуела и да добијат пристап до нејзините огромни нафтени резерви преку повеќемесечна кампања за притисок што започна во август со масовно воено распоредување во Карипското Море.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation