Background

УЈП СОБРАЛА 4,42 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО 2025 ГОДИНА ОД ДАНОЦИ И ПРИДОНЕСИ

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Управата за јавни приходи информира дека во 2025 година во националниот буџет се собрани 4 милијарди и 426 милиони евра од даноци и социјални придонеси, што е 308,3 милиони евра повеќе во споредба со 2024 година.

- Advertisement -
Ad image

Од вкупниот износ, даночните приходи изнесуваат 2 милијарди и 334 милиони евра, при што е остварен раст од 7,5%, односно 163,2 милиони евра повеќе од лани. Порастот е континуиран во текот на целата година, со поизразено темпо во втората половина од 2025 година, кога е реализиран околу четири петтини од годишниот раст.

Приходите од ДДВ се темелат на стабилен раст на наплатата на данокот платен за промет во земјата, при што во повеќе месеци е забележан пораст од 10 до 13 проценти во однос на истиот период минатата година. Кај данокот на добивка растот произлегува од аконтативното плаќање за 2025 година на повисока даночна основица, како и од зголемената наплата на задржан данок од дивиденди и други приходи исплатени кон странски основачи и партнери на компаниите, каде што е регистриран раст од над 30%.Во делот на данокот на личен доход, најголемо учество има данокот на плати кој бележи стабилен месечен раст и вкупен пораст над 10%, а висок раст е остварен и кај данокот на доходите од договорни услуги, земјоделство и самостојна дејност.

Кај социјалните придонеси се собрани 2 милијарди и 92 милиони евра, што е 145,2 милиони евра повеќе од 2024 година, односно раст од 7,5%.

Овие резултати се должат на засилената навремена наплата на обврските со заедничка одговорност на даночните обврзници, раното интервенирање и доследната примена на законските мерки. Во 2026 година УЈП ќе продолжи со активности за ефикасно, правично и транспарентно собирање на јавните приходи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation