Трамп најави „блокада“ на венецуелската нафта, ги прошири санкциите и изврши повеќекратни напади врз бродови за кои САД сметаат дека се вклучени во трговија со дрога во Тихиот Океан и Карипското Море.Трамп минатата недела изјави дека САД „нападнале“ пристаниште во Венецуела каде што бродовите товарат дрога, што е прв познат случај Вашингтон да спроведе копнени операции во Венецуела откако започна кампањата за притисок.Американскиот претседател не откри дали ЦИА ги извршила нападите. Медиумите објавија дека разузнавачката агенција е одговорна за нападите.
Трамп ја обвини јужноамериканската земја дека ги преплавува САД со дрога, а со месеци неговата администрација бомбардира бродови од Јужна Америка за кои вели дека превезуваат дрога. Многу земји ги осудија нападите на САД како вонсудски убиства, а владата на Мадуро негира каква било вмешаност во трговијата со дрога.




