Топ Вести - Слушај сега
Новата година „патува“ цели 26 часа од првото до последното место на Земјата. Милиони луѓе во светот на плоштадите во своите градови, онаму кајшто се слави, некои во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови или во семејна атмосфера во домовите ќе ја испратат 2025 и ќе ја пречекаат Новата 2026 година.
Анимација на социјалните мрежи покажува кој прв, а кој последен ќе ја дочека на планетата. Први ќе слават жителите на пацифичката островска држава Кирибати (во 11 часот по македонско време), а во 2026-та последни ќе влезат островите од архипелагот Американска Самоа и островите Бејкер и Хауленд (1 јануари во 13 часот по македонско време).
Забави за пречек на Новата година ќе бидат организирани во Скопје и во другите градови низ земјава. Музичката програма во главниот град вечер ќе биде со македонски изведувачи.
Празничната програма „Новогодишна зимска бајка“ во Скопје, денеска ќе трае цел ден, а ќе кулминира вечер на плоштадот „Македонија“.
– Програмата започнува во 19:45 часот со моќниот вокал на Миле Кузмановски, а продолжува со Огнен Здравковски. Следуваат Дина Јашари, легендарните Куку Леле и неповторливата Тамара Тодевска. Кулминацијата ја носат милениците на младата публика Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на пречекот на Новата година ќе го одбележи настапот на Каролина Гочевa – најави Ѓорѓиевски во поканата за прослава на новогодишната ноќ во Скопје.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖