Топ Вести - Слушај сега
Додека Македонија врие од лицитации, шпекулации и дигитални детективи кои од една фотографија можат да ти реконструираат цел етинерер, Венко Филипче, претседател на СДСМ и доктор по професија (што не е мала работа), одлучи да направи нешто сосема невообичаено за македонски политичар – да си дозволи момент на приватност и инспирација.
Но, ајде сега. Приватност? Инспирација? Во Македонија? Тука секоја слика е криминал, секое патување е афера, а секој момент на тишина е доказ за нешто сомнително.
И така, додека Венко стоел пред Базиликата Санта Марија дела Салуте во Венеција – таа иста црква што го инспирирала безвременскиот Лаза Костиќ да ја напише најубавата љубовна песна на српскиот и балканскиот романтизам„Санта Марија дела Салуте “– македонските tasteless медиуми и кибер-истражители веќе го имале пронајдено во Дубаи, Мајами, па дури и на Месечината.
Дубаи? Молам? Човекот оди во Венеција – град на уметноста, на поезијата, на културата – а нашите брејн-трустови заклучуваат Дубаи. Бидејќи, се разбира, ако македонски политичар оди некаде, тоа мора да биде Дубаи. Шаблонот е јасен: политичар + патување = Дубаи + скандал + “дрн, дрн”.
Ама Венко, тој интелектуалец, тој љубител на книжевноста, оди до Санта Марија дела Салуте . Не за да прави селфи со гондолиери. Не за да пие Просеко на Сан Марко. Туку да се инспирира. Да размисли. Можеби – и тука е најубавото – да се помоли за својата земја, за својата партија, за своите луѓе. Блиски извори (а тие секогаш знаат) велат дека се молел да не добиеме мигранти за пари.
А што направивме ние? Ние, народот, колективниот судија, жирито што никогаш не спие?
Направивме вирална слика. Започнавме лицитации. “Венко во Дубаи!” “Не, тоа не е Дубаи!” “Тоа е Венеција!” “Ама што бара таму?” “Сигурно нешто крие!”
Класика. Македонска класика.
Човекот се инспирира од Лаза Костиќ – поет кој патувал низ Европа, кој љубел жена што не можел да ја има, кој пишувал со болка и убавина – а ние што правиме? Го претвораме во мр,мр. Во кликбејт. Во “топ тема деновиве”.
Ама, ајде да бидеме искрени: кој од нашите политичари воопшто знае кој е Лаза Костиќ? Кој воопшто чита поезија? Кој воопшто знае каде е Базиликата Санта Марија дела Салуте , а да не зборуваме зошто е важна?
Венко знае. И тоа го прави различен.
А ние? Ние си останавме тука, во нашите соби, со нашите телефони, скролајќи, лајкајќи, коментирајќи, осудувајќи, шпекулирајќи… Не знаеме ни што јадел за појадок, ама веќе имаме теорија зошто е таму и што крие.
Можеби, само можеби, требаше да се запрашаме: зошто ние немаме лидери кои се инспирираат од поезија? Зошто нашата политика е толку сива, толку бездушна, толку празна од култура и љубов кон убавото?
Венко си дозволи момент на убавина. Момент на размислување. Момент на поезија.
А ние? Ние си дозволивме момент на омраза, завист и празно ќелавење.
Жив бил Венко. И Лаза. И Венеција.
А ние? Ние си останавме во Дубаи на нашата имагинација – евтина, блескава и без душа.А,да,да живее и Малта..
С.Денесовски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖