Топ Вести - Слушај сега
Затрупани под снежна лавина на планината Варду́сија, во централна Грција, синоќа беа пронајдени безживотните тела на четворица планинари, кои се водеа за исчезнати од средата, а во тек е операција за пренесување на телата со помош на хеликоптер, јави дописничката на МИА од Атина.
Телата на тројцата мажи и една жена беа пронајдени во тежок и непрооден дел покриен со свеж снег по повеќечасовна потрага од спасувачките екипи на противпожарната служба на Грција.
Еден од членовите на Грчката спасувачка служба од областа Атика, за телевизијата „Скај“ објасни дека несреќата се случила на надморска височина од околу 2.000 метри во планински масив со карпи и стрмна падина, прекриени со снег.
Безживотните тела беа откриени синоќа, но поради лошите временски услови и ноќта, операцијата за извлекување започна денеска.
Во средата, на Божиќ, група од пет лица, меѓу кои и искусни планинари тргнале на планинарење, а едниот од нив се откажал и откако не успеал да воспостави никаков контакт со останатите четворица ги информирал властите.
Веднаш започна огромна операција со ангажирани 30 пожарникари, специјално возило, Тимот за беспилотни летала од областа Тесалија, членови на Грчката федерација за планинарење, членови на Грчката спасувачка служба, како и хеликоптер во координација со грчката полиција.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖