Background

Потресно сведочење на прв сосед на кобната дискотека во Кочани

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека Пулс, кој однесе најмалку 63 животи, продолжи денеска со драматично сведочење на Дејан Николов, кој има автолакерска работилница во непосредна близина на дискотеката, вечерта на настанот и самиот, со своите деца, бил гостин на концертот, а потоа учествувал во спасувањето на посетителите на дискотеката, заробени од пламените јазици. Неговото сведочење ги трогна до солзи сите присутни на сведочењето, и целиот тек на неговото сослушување ви го пренесувме во колку што е можно поавтентична форма:

- Advertisement -
Ad image

Дејан Николов, роден во Штип, живее во Кочани на Кирил Змбов 23.

Владимир Милошовски, обвинител испрашува.

ДН: Имам автолимарски сервис, кој е сместен веднаш до дискотеката Пулс, на улица Крижевска, од март 2009. Сервисот е во сопственост на мојот дедо, јас сум му зет. Работи од 8 до 4, јас останувам подоцна.

Дискотеката, објектот го изнајмија летото 2012 и понаа да работат внатре, да го подготвуваат објектот. Тие работеа, мислам на Дејан Јованов Деко, уредуваа внатре, со мајстори, јас си ја гледав својата работа. Објектот претходно беше конфекција, па магацин за чанти и други женски реквизити.

ЈО: Како го средуваше Деко објектот?

ДН: Доаѓаа разни мајстори, гипсери, електричари, долго време го подготвуваа диското. Почнаа летото, отворањето беше во декември.

ЈО: Што видовте дека спремаат?

ДН: Понекогаш влегувавме внатре, на кратко, на цигара, тие си работеа мајсотри, правеа шанкови, заварувачи, шанкот беше од железо, правеа тераси внатре.

Приговор од адвокат Ивана Коцевска: Сведокот посочи дека за тие дејствија учествувал дејан и сведокот не може со сигурнист да посочува што се гради во објектот на Дејан. Не може да сведочи на околности на кои не бил присутен.

Приговор од адвокат Владимир Шехтански: Да се разграничи за што сеработи, за дискотека Пулс, кабаре Пулс или клуб Пулс. Да бидеме прецизни.

Судот го дозволи прашањето затоа што од сведокот се бара кога влегол да опише што видел, дали имало тераси и сл а не се бара да опишува материјали со ко се работи.

ДН: На два пати сум го прашал што ќе биде ова, тој рече ќе видите, а на крајот се виде што се отвара, не знаев дали ќе биде кабаре или диско. Од левата и од десната страна, над шанкот имаше тераси. Не знам со какви материјали работел.

ЈО: Сте биле ли пред 2012 во објектот?

ДН: Да, беше магацин, имаше чанти.

Некој приговара дека е ирелевантно, ЈО вели не е бидејќи е обвинет и сопственикот на објектот.

ДН: Беше магацин, под кирила на друга фирма, не на сопственикот. Додека беше магацин, сум влегувал, сум купувал од таму. Тоа беше голема хала со рафтови со изложена стока, а имаше и канцеларии. Имаше прозорци, од напред целиот објект беше во стакло, а на задната страна имаше позорец, тој простор го користеа вработените како мала кујна. До прозорецот на западна страна имаше бетонирани скали и таму беше рампата за камионите кои внесуваа и изнесуваа роба додека беше конфекција. Таму имаше зелена железна врата, која се отвараше на три дела, рампата беше висока колку да се паркира еден камион.

ЈО: Дали и други го користеле објектот?

ДН: Да, беше конфекција претходно, не се сеќавам дали сопственик беше Германец. Фирмата беше конфекција за шиење со повеќе вработени. Немаше промени во објектот меѓу првата и втората фирма.

Приговор од адвокат Еленко Миланов: Ова е небитно, ова е се пред периодот од 2012 година.

Судот дозволи решение дека не се дозволува прашањето затоа што не се однесува на периодот што е опфатен во обвинението. Не треба да се враќаме на толку фирми наназад.

ЈО: Дали од 2012 друга фирма го користела објектот?

ДН: Да, долниот дел од објектот што излегува на долната улица го користи фирма како магацин за млечни производи. Тој дел уште се користи од истата фирма.

ЈО: Како изгледаа внатрешните тераси?

ДН: Не се сеќавам убаво, можеби беа долги 7-8 метри, широки околу 3 метри, беа како сепарња на тераси. Кога сум го посетувал диското навечер никогаш е сум се качил, секогаш сум седел на шанкот. Под терасите од левата и од десната страна имаше долги шанкови, зад нив пијалоци и фрижидери.

ЈО: Дали останаа прозорците по реновирањето?

Приговор од адвокат Еленко Миланов: Ова е класично наведувачко прашање, недозволено во директно испрашување.

Судија: Се дзоволува, сведокот веќе опиша дека имало прозори и дека во неколку наврати влегол во објектот при реновирањето. Кажавте дека целата една страна била со прозори. Дали остана тие прозори и после реновирањето колку прозори имаше?

ДН: Се уште стојат прозорците надвор, стаклата на северната и јужна страна се уште стојат, а тој прозор на западната страна кој гледа накај мојот дуќан беше заѕидан и таму беше тоалетот. Кога се гледа однадвор, прозорците на северната и на јужната ги има, но од внатре беа затворени со изолација или друг материјал, а од внатре не се гледаа. Од западната страна стаклото не се гледа веќе, беше заѕидан.

ЈО: Од каде што се влегува, каде имало рампа за камиони, дали таму забележавте промени во објектот по реновирањето?

ДН: Да, таму се главните скали, на рампата Деко направи скали и таму беше главиот влез на дискотеката. Тие скали беа од железна конструкција, обложени со дрво и со црвен теписон. Не знам колку беа широки.

ЈО: Од челната страна има и промени, таму ли е зелената врата?

ДН: Ја нема, сега има алуминиумска, но не можам да се сетам дали ја направи Деко или сопственикот Гроздан Милковски.

ЈО: Колку врати имаше во објектот?

ДН: После скалите е таа алуминиумска врата, а на метар, метар и пол, имаше две двокрилки каубојски врати што се отвараат и навнатре и нанадвор. Има и една врата одзади, на истона страна, таа е мала обична врата, на крајот на левиот шанк. Таа врата беше обична зелена, од времето откако постои објектот. Еднокрилна врата.

ЈО: Дали пред влезот имаше билетарница?

ДН: Да, од десната страна, каде што претходно беа канцеларии, до самите скали беше сместена билетарницата. Таа беше на првите скали, скалите беа на две нивоа, по првото ниво беше билетарницата. Таа беше во канцеларискиот дел.

Приговор од адвокат Страшевски: Ирелевантно е како изгледала билетарницата.

Битно е сѐ, довикуваат родителите.

Друг обвинител: Не се дозволени приговори во кои се дава одговор на прашањето, тоа е забрането со закон.

Страшевски: Јас не дадов одговор како изгледа билетарницата, прашав само.

Судот го дозволи праањето.

ДН: Тоа беше канцеларија, таму беше останат прозорецот. Тој дел каде беа канцелариите до денес не е променет. Имаше простор за продавање билети.

ЈО: Дали билетарницата е поврзана со главниот објект?

ДН: Не може никој таму да влезе однадвор, треба прво да се влезе во дискотеката, па од внатре во билетарницата. Всушност, од два влеза. На самите канцеларии имаше жолта врата, од таа може да се влезе во билетарницата. Значи, од две страни можеше да се влезе, низ жолтата врата и низ диското.

ЈО: Дали сте виделе на кој начин тој што продава билети може да влезе во билатерницата?

ДН: Може од две страни, Од посебната страна од кај канцелариите и од самиот влез на диското, од каде имаше посебна врата кон билетарницата, која беше во меѓупросторот од главната врата и каубојските врати.

Адвокатите реагираат на начинот на испрашување, родителите рипнаа со барање да ги исфрлат адвокатите од судница.

Адвокат Петре Шилегов реагира до судијката дека треба да ги запишува одговорите како што се кажани, а не да ги интерпретира. Судијката одговори дека мора да е јасно на што се мисли, а родителите аплаудираа.

ЈО: Какви беа каубојските врати?

ДН: Тие беа помали, стаклени, со фолија со натпис „Пулс“. Тие псотојат откако се отвори дискотеката.

ЈО: Дали претходно имаше такви врати, пред реноворањето?

ДН: Не.

ЈО: Додека сте биле гостин, дали имало други посетители? Дали сте ја забележале како гостин таа мала зелена врата?

ДН: Да.

ЈО: Дали била отврена или затворена?

ДН: Не можам да кажам, не знам.

ЈО: Дали сте забележале и други промени во објектот, освен овие во 2012?

ДН: Лани летото објектот е внатрешно реновиран, можеби беше и септемри.

ЈО: Дали влегувавте додека се реновираше?

ДН: Многу ретко, влегов последен пат пред да го отвори во декември.

ЈО: Што се реновираше?

ДН: Комплетно ги извадија терасите, шанковите останаа. Бината каде што беше, кај двата столба можеби беа променети, со лед диоди. Другото остана исто.

ЈО: Каде бевте на 15 март 2025?

ДН: Вечерта излегов во центарот со другари, во кафуле, таму бев до 1 часот. Се договоривме да одиме во „Пулс“, децата на пријателите сакаа да одат, а и мојот син вечерта беше таму. Затоа сите отидовме. Најдов паркинг во долниот дел каде беше дуќанот за млечни производи. Влегов ви дискотеката пред 2 часот, моите другари со нивните деца беа дојдени пред мене. Ги надов, тие беа на десниот шанк, кај првите скали, јас се упатив кон шанкот, таму беше Деко, се поздраввме. Тој се изненади што ме виде бидејќи долго не бев одел таму како гостин. Нарачав две виски и две води, за мене и за Деко и веднаш платив на шанкот, мислам 500 денари. Потоа застанав со мооте другари. Во 2 часот му пишав на синот дека јас сум во диското и после ќе си одиме задено. Не поминаа неколку минути, синот ме праша кај сум преку порака и дојде до мене. Јас по навика ги побарав да видам каде седи со друштвото, му реков да оди назад кај другарите. Другарот со мене ме викна надвор на цигара, јас му реков да почека, После пак до мене дојде син ми со една девојка, сакаше да ме запознае со неа. Јас му реков излезете надвор, јас и чичко Перо ќе излеземе на цигара, ајде надвор, овде е галама, за подобро да разговараме. Синот веќе излезе со девојката и други од нивното друштво, малку на воздух, а јас бев под билетарницата, спроти нив и запаливме со другарот цигара. Децата беа на 5 метри од мене. Во тоа време дојде полицијата, другар ми рече јас ќе влезам, ти остани со децата, оти другите се малолетни, за да немаат проблеми. Јас се упатив кон предниот дел, кај рукохватот од десна страна имаше два синџира, пробав да го пречекорам синџирот, не можев, па ги откачив, оти знаев како. Излезе дека е добро што ги тргнав синџирите, оти во паниката после евакуацијата ќе беше потешка ако синџирите беа заначени. Застанав со друштвото на мојот син. Не поминаа неколку минути, се шегувавме со децата, имаше над 20 млади таму, тоа беше место за пушење. И во паника излезе едно другарче на син ми, видно вознемирен и ми покажа видео од првото запалување. Чичко Дени, се запали дискотеката, ми рече, мене не ми беше јасно. Му реков да ми го покаже пак видеото. Тогаш почнаа други да излегуваат. Син ми сакаше да влезе, да го земе палтото на девојката, јас го спречив оти од внатре се слушаа чудни звуци, излегуваше и малку чад, Тогаш сфатив дека е нешто сериозно. Сите деца што беа излезени на пушење, имаше една врата зелена, кон задиот дел од објектот, кој граничи со мојот објект, и таму ги спроведов сите деца. Таму жицата од оградата беше скината и сите се провревме низ дупката во жицата и сите ги спроведов кон мојот објект. Децата веќе беа вознемирени. Тогаш забележав како да снема струја, оти светилките на настрешницата се изгасија. Тогаш настанаа големи вискотници, пискотници, беше страшно. Нагло почна да излегува чад од предниот дел. Имав црево со силен притисок во дуќанот, го вклучив. Видов дека вентилаторот во еден ѕид престана да работи. Таму беше женскиот тоалет, со прозор со решетки. Почнав да шприцам со цревото кон вентилаторот. Тогаш слушнав гласови и викање и тропање од женскиот тоалет. Ги скршивме прозорците од просторијата меѓу машкото и женското веце, каде се мијалниците. На решетките се фатија девојчиња, кои светеа со телефоните и сите вриштеа. Пробав да ги смирам и почнав да ги прскам со вода. Црн чад излегуваше од горниот дел, не од кај тоалетот. Комуницирав со девојчињата да ги смирам, им велев полека, ќе дојдат пожарникари. Татко ми ми викаше, тато, те молам спаси ги. Децата викаа, чичко прскај повеќе, така полесно дишеме. Јас продолжив. Комуницирав со нив, слушнав една мајка како комуницира со девојчињата. Пожарникарите многу бро дојдоа. Од таму каде што бев дојде еден пожарникар и почна да комуницира со мене . (за сето ова време се слуша липање на родителите). На пожарникарот му го дадов цревото, му реков да ги спасиме децата. А јас отидов кај децата во мојот објект, излеговме од станата на дискотеката од северната страна, продолживме кон долната улица. Тогаш приметив дека таа помошна врата не беше отворена. Ги однесов децата до еден салон за мебел во близина. Се вратив со син ми и со еден другар, оној што ми го покажа видеото. Се вративме до колата, јас прво сакав пешки до диското, но ја преместив колата. Зедов гази од првата помош, имаше веќе многу чад и се чувствуваше силен мирис. Ги врзавме газите за да се заштитиме. Тогаш почна да пука кровот и почнаа да паѓаат парчиња врз нас. Ние веќе бевме на горната улица, зад мојот објект. Се симнавме откај далноводот, до мојот објект, Му реков на син ми да го отвори дуќанот, јас да ја земам брусилицата да ги сечеме решетките. Во тој момент на тоа место немаше пожарникар. Тие во меѓувреме донеле агрегат, кој мене ми бучеше, а не знаев што бучи. Тие веќе ги исекле решетките и ги свиткале нагоре. В еден момент дојде пак истиот пожарникар, цревото бешео ставено доле, течеше вода. Син ми ми донесе професионални маски, јас сум автолакер, имам маски. И јас ставив маска, сите ги носевме до 5.30 часот и мислам дека тие маски не спасија да немаме повреди. Го прашав пожарникарот како е ситуација, ми рече направивме коридор, ги вадиме од таму, ти продолжи да прскаш. Синот и другарот носеа вода на улицата, синот викна дојди тато има повредени деца. Седеше едно дете, му висеше кожа, чад излегуваше од него, целиот чадеше. Тргнав да го прскам, ама веднаш престанав оти ми текна дека на изгореници не треба да се сипа вода. Син ми му даде само да се напие вода. После го однесоа. Продолжив да го гаснам билото на кровот, највисокиот дел. Од другата страна беа другите пожарникари. Тука, бевме некаде до 5, се стишуваше работата, пожарот се локализираше, се ми се чинеше како вечност ја изгаснавме водата, со синот и другарот влеговме кај мене во сервис. Родотелите на другарот ми се јавија, им кажав дека е на безбедно. Се измивме, бевме црни. Направив рстор од сода бикарбона и шеќер и децаа беа видно потресени, исто како и јас. Секојдневно го преживувам ова. Имав перцепција дека има повредени и дека нема жртви. Тогаш син ми ми кажа, тато изгледа има жртви, има тела. Го фатив да не гледа, видов три тела до вратата. Имаше многу луѓе, не гледав веќе никого, само сакав синот да го однесам дома. Почна да ѕвони телефонот, сите ми се јавуваа. Во 8 отидов во црква, во 9.30 ми ѕвонеше полицијата, дојди да го отвориш сервисот, нема каде да се мијат луѓето. Кога отидов, имаше што да видам, таму беше страшно.

ЈО: Вечерта на 16, можете ли да опишете колку гужва имаше?

ДН: Гостуваше ДНК, затоа и отидовме. Имаше многу гости, маси на средината, имаше голема посетеност. Не знам колку луѓе точно имаше, не можам да проценам.

ЈО: Дали лесно можеа да се разминуваат луѓето?

ДН: Малку потешко, секако, ако сакаш кон шанкот, требаше време.

ЈО: Рековте дека сте виделе полициски службеници, колкумина беа?

ДН: Беа 7 до 8 полицајци во униформа. Не знам дали имало полицајци во цивилна облека.

ЈО: Рековте сте стоеле кај скали внатре, можете ли да ни го опишете?

ДН: Тоа беа мали скали, пред шанкот, низ кои се доаѓа до другата платформа кон задното сепаре.

ЈО: Дали сте зборувале со Дејан за таа мала врата?

ДН: Еднаш два пати во неврзан муабет го прашав зошто ја заклучува.

ЈО: Што ви одговори?

ДН: Не се сеќавам, да не влегуваат без билети, да не влегуваат малолетни.

ЈО: Рековте сте осетиле мирис, каков?

ДН: Несекојдневен, како горена пластика.

ЈО: Дали пред „Пулс“ има паркинг?

ДН: Да, тој е по целата должина, најголем дел е пред мојот објект. Во еден ред 6 до 7 коли. Тоа е општинско земјиште. Беше обележан со бели ленти за паркинг-места.

ЈО: Вечерта каде имаше возила?

ДН: Имаше насекаде, и на горниот паркинг и на долниот паркинг. Имаше земјен паркинг пред хотелот и тој беше полн, имаше паркирани коли и по сите околни улички.

ЈО: Дали вечерта видовте некоја ознака за евакуација?

ДН: Таа вечер не видов. Претходно имав видено знак со зелено „Егзит“, кај каубојската врата, ама не сум сигурен дали светеше.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation