Топ Вести - Слушај сега
Скопје чекори кон стабилизација по наследената финансиска криза и институционален хаос, истакна денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на седницата на Советот на Град Скопје, при усвојувањето на Буџетот за 2026 година.
– Наследивме катастрофални 40 милиони денари на сметката на градот, а денес веќе имаме 400 милиони. Во првите 40 дена од мандатот реализиравме приходи од 659 милиони денари, што е речиси двојно повеќе од било кој месечен резултат во минатото – рече Ѓорѓиевски.
Тој потенцираше дека финансиското наследство на градот вклучуваше презадолжени и девастирани јавни претпријатија, културни установи и образовни институции.
– За само 40 дена направивме повеќе во образованието отколку што некои не успеале во цел мандат. Градиме спортски терени во шест средни училишта, обезбедуваме прочистувачи на воздух, нова ИТ опрема, смарт табли, лаптопи, клупи и столчиња – додаде градоначалникот.
Во делот на инфраструктурата, Ѓорѓиевски најави продолжување на изградбата на улицата Момин Поток, реконструкција на улицата Фрањо Клуз во Аеродром, како и средства за првата фаза од подземната сообраќајница кај „Лимак“ и кружниот тек во Ѓорче Петров.
– Со ребалансот на Буџетот, сите јавни претпријатија добија заостанатите плати, а долгот кон добавувачи е намален од 330 на 236 милиони денари. По многу години, го исчистивме Скопје и му дадовме новогодишен дух како што заслужуваат скопјани – истакна градоначалникот.
Ѓорѓиевски нагласи дека поддршката од Владата и Премиерот Христијан Мицкоски била клучна за финансирањето на студентскиот превоз со износ од 360 милиони денари, што ќе се исплаќа во период од три години.
– Кога се сака и кога се работи со посветеност, сè е можно. Доаѓа времето кога реално ќе го живееме подоброто Скопје – заврши градоначалникот.
Tagged as:
Градоначалникот Ѓорѓиевски откри како го спаси Скопје од финансиска катастрофа!
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖