Топ Вести - Слушај сега
СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за загубите од 100 милиони евра и да утврди одговорност. Кој ќе одговара за загубите од над 100 милиони евра? Кој профитира од увозот на струја. Зошто навреме не биле обезбедени енергенси, мазут на пример? Кој заработува додека народот плаќа? рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, посочувајќи дека работењето на ЕСМ резултирало со сериозни финансиски загуби.
77 милиони евра загуба за само првите два квартали од 2025 година а проекцијата е дека ќе достигне над 100 милиони евра загуба до крајот на оваа година, потенцираше Димитријевиќ
Тој посочи дека причините за овие загуби се директно поврзани со начинот на управување со енергетскиот сектор, а Владата ја доведе ЕСМ до финансиски колапс.
За само година и половина, со Божиновска на чело на овој сектор, Владата ја доведе ЕСМ до финансиски и производствен колапс. Не се произведува доволно струја дома, се увезува скапа струја од надвор, појасни Димитријевиќ.
Тој нагласи дека ваквите политики директно ја оштетуваат државата и граѓаните.
Наместо да се произведува дома, којашто државата ќе ја чини 80 – 90 евра мегават час, владата купува струја за 140 евра мегават часови. СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за овие загуби од 100 милиони евра и да утврди одговорност, посочи Димитријевиќ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
