Најмалку три лица, меѓу кои и едно девојче, загинаа во израелски напад врз камп за раселени лица во јужниот дел на Газа, соопштија денеска локалните спасувачки служби. Во текот на изминатите 24 часа, во енклавата загинаа 11 лица, а 50 се ранети.
Махмуд Басал, портпарол на Цивилната одбрана во Газа, изјави за француската новинска агенција АФП дека се пронајдени три тела – меѓу кои и она на едно девојче – по израелски воздушен напад врз камп западно од Кан Јунис. Според Министерството за образование на Газа, девојчето имало седум години.
Смртта на овие три лица ја потврди и болницата „Насер“, каде што на лекување се примени и други ранети лица, меѓу кои едно дете и една жена.
Израелската војска за АФП изјави дека ги проверува извештаите за нападот.
Во меѓувреме, според безбедносен извор од Газа, израелските сили напредуваат преку таканаречената „жолта линија“ – демаркациона линија што ја дели Газа и означува област под израелска воена контрола. Изворот за АФП појасни дека „утринава, неколку тенкови и воени возила, придружувани од воен булдожери, навлегле во областа западно од жолтата линија, во источниот дел на Деир ал-Балах“.
Изворот додаде дека ова напредување се случува истовремено со силно гранатирање од страна на израелските сили, насочено кон источните и северните делови на Деир ал-Балах, каде што засолниште нашле стотици раселени семејства.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
