Background

Оспорени се измените во платите на судиите и на обвинителите

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 28-та и последна седница за 2025 година, на која ќе бидат разгледани девет иницијативи за оценување на уставноста и треба да донесe конечни одлуки за пет предмети.

- Advertisement -
Ad image

Меѓу предметите од поголем јавен интерес се иницијативите со кои се оспоруваат измените на Законот за платите на судиите. Подносителите тврдат дека намалувањето на коефициентите за плати претставува повреда на стекнато право и не се темели на реални околности, посочувајќи судска пракса во која веќе е утврдена разлика во исплатите за јануари 2024 година.

Судот ќе ја разгледува и иницијативата поднесена од Здружението на јавните обвинители преку претседателот Елвин Вели. Иницијативата се однесува на измените на законите за платите на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители, за кои подносителот тврди дека го нарушуваат принципот на независност и ја намалуваат предвидливоста на месечните приходи.

На дневен ред е и предметот со кој Иван Мирчевски и Александар Видиновски го оспоруваат Правилникот за сообраќајни знаци од 2020 година, тврдејќи дека употребата на кратенката за државна ознака не е во согласност со меѓународните кодови МК и MKD, туку непрописно се користи NMK.

Треба да се разгледуваат и предметите со кои Судот уште во февруари 2025 година поведе постапка за измените на Кривичниот законик, за што беше оставен шестмесечен рок до Собранието да постапи според укажувањата на Судот.

На седницата е вклучен и предметот што се однесува на оценување на уставноста на член 2 од измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation