Топ Вести - Слушај сега
Градоначалникот на Лерин Василеос Гианакис го прекина настапот на бендот „Ентопика“ (Banda Entopica) во моментот кога запеа песна на македонски јазик на традиционалната манифестација „Ден на огновите“, која се одржува во градот во пресрет на Коледе, според грегоријанскиот календар, објави Булевар.мк.
Во атмосфера на веселба, популарниот бенд „Banda Entopica“, познат по својот широк репертоар на балкански звуци, ја започна изведбата на македонската народна песна „Софка на татко“. Меѓутоа, веднаш по првите стихови, следеше итна интервенција од страна на градоначалникот на Лерин. Според сведоштвата на присутните и видеата што веќе се шират на социјалните мрежи, на музичарите им било наредено веднаш да прекинат со пеењето на македонски јазик, дозволувајќи им да продолжат исклучиво со инструментална изведба.
Обидот за цензура не помина без реакција. Еден од членовите на бендот, кларинетист кој потекнува од Патра, јавно и храбро реагираше пред насобраната толпа.
„Музиката нема граници!“ – порача музичарот од бината, добивајќи аплауз и одобрување од дел од публиката која не се согласуваше со ригидните постапки на локалната власт.
За настанот реагираше и Павле Воскопулос, долгогодишен активист за правата на Македонците во Грција и член на партијата „Виножито“. Тој посочи дека синоќешниот настан не е изолиран случај, туку потврда дека старите стравови и забрани сè уште живеат во Леринско, Костурско и Воденско.
„Ова е дел од еден подолг континуитет на ограничувања. Иако Преспанскиот договор требаше да ја олесни климата, локалните шерифи и натаму спроведуваат пракса на селективна забрана. Македонското оро може да се игра, но македонската песна не смее да се пее. Тоа е апсурдот на 21-от век“ – коментира Воскопулос.
Прашањето за македонските песни и јазикот во Северна Грција со децении е чувствително. Во поголем дел од 20 век, јавното користење на македонскиот јазик и изведувањето македонски песни и ора било ограничувано или забранувано, поради што тие најчесто се практикувале во приватност, без јавна видливост и без институционална поддршка.
Во последните години, сепак, на локални веселби, свадби и панаѓури во делови од Северна Грција сè почесто се слушаат македонски песни и се играат традиционални ора. Оваа појава не е резултат на официјална политика, туку на спонтана практика на локалното население, што повторно ја отвора дебатата за културното и јазичното изразување и за границата меѓу фолклорот и идентитетските прашања.
Tagged as:
ВО ЛЕРИН ПРЕКИНАТА ВЕСЕЛБА ШТОМ БЕНДОТ ЗАПЕАЛ МАКЕДОНСКА ПЕСНА!?
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
