Background

Лани 16,9 проценти од луѓето во ЕУ живееле во пренаселени домаќинства што претставува намалување во однос на 2014 година кога таа стапка изнесувала 18,1 отсто

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Лани 16,9 проценти од луѓето во ЕУ живееле во пренаселени домаќинства што претставува намалување во однос на 2014 година кога таа стапка изнесувала 18,1 отсто, соопшти Европската статистичка агеција – Евростат.

- Advertisement -
Ad image

Според Евростат, стапката на пренаселени домаќинства е значително повисока во Западниот Балкан, при што најниска е во земјава и изнесува 38,1 отсто.

Во Србија во пренаселени домаќинства живеат 46,6 проценти од граѓаните, во Албанија 57,1, а во Црна Гора дури 61,6 отсто. За Босна и Херцеговина и Косово нема податоци.

Повисока стапка на пренаселеност на домаќинства од 30 отсто се бележи и во пет земји членки на ЕУ, при што таа е највисока во Романија и изнесува 40,7 проценти, по што следуваат Летонија со 39,3, Бугарија со 33,8, Полска со 33,7 и Хрватска со 31,7 отсто.

Од друга страна, најниски стапки на пренатрупаност на домаќинствата од 2,4 проценти има на Кипар, по што следуваат Малта со 4,4, Холандија со 4,6, Ирска со 5,0 и Белгија со 6,5 отсто.

Во Шпанија таа стапка изнесува 9,1 проценти, во Франција 11,5, во Германија 10,4, во Унгарија 14,6, во Италија 23,9, а во Грција 27 отсто.

Според дефиницијата на Евростат, за едно лице се смета дека живее во пренаселено домаќинство, ако тоа домаќинството има само една соба, ако самец на возраст од најмалку 18 години живее во една соба или ако семејство има само по една соба на двојка или на две деца на возраст до 17 години.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation