Background

Почнува процедурата за избор на нов јавен обвинител

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска пред почетокот на 76. седница ги информираше пратениците дека државниот обвинител Љупчо Коцевски до законодавниот дом поднел барање за престанок на функцијата. Согласно ова барање, како што кажа, расправата за негово разрешување би била беспредметна па така таа точка на дневниот ред нема да се разгледува.

- Advertisement -
Ad image

Претходно денеска Коцевски соопшти дека поднел неотповиклива оставка на функцијата. Предлогот за негово разрешување што требаше да се разгледува на 76. седница го оцени како политичка одлука.

Законот за јавни обвинители предвидува дека изборот на републичкиот обвинител се врши најдоцна два месеца пред истекот на мандатот на актуелниот или веднаш по упразнувањето на местото.

На предлог на Владата, Собранието треба да распише оглас за именување на Јавен обвинител на Македонија во Службениот весник и во најмалку два дневни весника, од кои еден од весниците се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.

Рокот за поднесување на пријавите е 15 дена од денот на објавувањето на огласот во Службен весник.

Штом ќе заврши пријавувањето, Владата треба да побара мислење од Советот на јавни обвинители за сите пријавени кандидати, а Советот е должен образложените позитивни или негативни мислења да ги подготви во писмена форма во рок од 15 дена.

Од пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите и кои добиле позитивно мислење од Советот, Владата одбира еден и го доставува како предлог пред Собранието, каде, изборот, исто како и разрешувањето, се врши со просто мнозинство. За кандидатот што ќе го предложи Владата за државен јавен обвинител, кон предлогот се доставува и мислењето од Советот на јавни обвинители.

Ако Советот на јавни обвинители од оправдани причини не достави мислење до Владата рокот се продолжува за уште 15 дена. Доколку и по овој рок Советот не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно.

Ако, пак, Советот на јавни обвинители не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог за именување на Јавен обвинител на Македонија и ќе му предложи на Собранието да распише нов оглас.

Според законот, за јавен обвинител може да биде именувано, односно избрано лице кое ги исполнува следниве општи услови: да е државјанин на Македонија, активно да го владее македонскиот јазик, да има деловна способност, да има завршени правни студии и положен правосуден испит. Посебен услов за државен јавен обвинител е кандидатот да има непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation