На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) за првпат во Македонија успешно е изведена сложена хируршка интервенција кај четиригодишно дете со редок конгенитален Спренгелов деформитет.
Операцијата е реализирана во соработка со проф. д-р Уфук Ајдинли од Република Турција и претставува значаен исчекор во третманот на ретки и сложени ортопедски состојби кај деца, соопшти Министерството за здравство.
Интервенцијата била изведена од мултидисциплинарен тим составен од ортопеди, анестезиолози, интензивна нега и ургентна поддршка, со фокус на безбедноста и квалитетот на третманот.
– Оваа интервенција е резултат на врвна тимска координација и меѓународна соработка. Благодарение на поддршката и експертизата на проф. д-р Ајдинли, направивме значаен чекор напред во лекувањето на ретки конгенитални деформации кај деца. Нашата цел е ваквите процедури да станат дел од редовната клиничка пракса во земјата – изјави директорот на ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Игор Мерџаноски.
Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека ваквите резултати ја зајакнуваат довербата на граѓаните во здравствениот систем.
– Ова е пример како меѓународната соработка и размената на знаење директно се претвораат во подобра грижа за пациентите. Ќе продолжиме да ги поддржуваме клиниките, едукацијата на кадарот и воведувањето современи медицински методи, за граѓаните да добијат модерен и функционален здравствен систем – порача Алиу.
Спренгеловиот деформитет е ретка конгенитална состојба при која лопатката е поставена повисоко од нормалното и не е целосно развиена, што предизвикува видлива деформација и ограничено движење на рамото. Во потешки случаи, состојбата може да биде поврзана и со други аномалии, поради што е потребна детална дијагностика и внимателно планирање на оперативниот зафат. Оперативниот третман најчесто се применува кај деца на возраст од 3 до 8 години, со цел подобрување на функцијата и естетскиот изглед.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
