Background

Само камиони со грчки производи ќе може да ја поминат границата

Во периодот од 12 до 16 и од 18 до 22 часот по локално време се очекува и денеска грчките земјоделци да го блокираат граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја, со што целосно ќе биде во прекин сообраќајот со исклучок на камионите со грчки производи, додека пак низ целата земја поставени се над 50 блока, јави дописничката на МИА од Атина.

На граничниот премин Евзони, паркирани се повеќе од 300 трактори, а веќе десет дена грчките земјоделци периодично го затвораат патот за сообраќај.

Блокови се поставени и на другите гранични премини, на Ники (Меџитлија) кон Македонија, каде што секојдневно се одлучува дали и на колку време ќе се блокира сообраќајот, на Промахноас и Орменио кон Бугарија и на Кипи кон Турција забраната се однесува само на камиони.

- Advertisement -
Ad image

Главниот блок на земјоделците е во централна Грција, кај Никеа, во близина на Лариса на автопатот Солун – Атина, каде што сообраќајот се одвива по споредни патишта, а за денеска најавен е протест во градот Волос и блокада на пристаништето.

Комитетот надлежен за земјоделските блокади низ цела Грција, за сабота закажа нов состанок на кој ќе се донесе одлука за следните чекори.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а бараат и исплатата на заостанатите субвенции.

Блокади се поставени на низа автопати и локални патишта низ цела Грција, со што отежнат е сообраќајот и се одвива по споредни улици.

Вчера, како што објави МИА, обвинителот од Врховниот суд на Грција, Константинос Ѕавелас побарал, обвинителите во целата земја со помош на надлежните полициски органи да интервенираат во случаите кога се вршат кривични дела што се гонат по службена должност во однос на земјоделските блокади и доколку со тоа се нарушува безбедноста во сообраќајот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation