Background

Убавицата која падна од сцената на Мис Универзум ќе биде вратена дома со медицинска помош

Претставничката на Мис Универзум од Јамајка, д-р Габриел Хенри, беше хоспитализирана откако падна од сцената за време на претставувањето на убавиците во вечерни тоалети, на прелиминарните избори за Мис Универзум на 19 ноември.

Убавицата при падот претрпела фрактура, крварење во главата и голем број други сериозни повреди.

Повеќе од три недели по инцидентот, Организацијата за Мис Универзум и нејзиното семејство потврдија дека таа ќе биде вратена дома во Јамајка со медицинска помош, објавува „Пипл“.

- Advertisement -
Ad image

Организацијата за Мис Универзум објави соопштение во име на семејството на Габриел Хенри за да ја разјасни нејзината состојба.

– Д-р Хенри претрпе сериозен пад низ отворот на сцената додека одеше по пистата за време на прелиминарниот натпревар на 19 ноември 2025 година, што резултираше со интракранијално крварење со губење на свеста, фрактури, посекотини на лицето и други значајни повреди. Таа веднаш по падот беше префрлена на единицата за интензивна нега во Бангкок, каде што остана во критична состојба под постојан невролошки надзор – се вели во соопштението.

Таму се вели и дека нејзината состојба продолжува да бара 24-часовен специјалистички надзор и дека ќе биде вратена дома во наредните денови во придружба од целосен медицински тим и ќе биде префрлена директно во болница за понатамошно лекување и закрепнување.

Организацијата на изборот за Мис Универзум потврди дека ги покрила сите нејзини болнички, медицински и рехабилитациски трошоци во Тајланд, како и трошоците за сместување и живот за нејзините мајка и сестра кои престојувале кај неа. Организацијата, исто така, го финансира летот за враќање под медицински надзор организиран од болницата и се обврзала да ги покрие сите идни медицински трошоци што произлегуваат од овој инцидент.

– Од моментот кога се случи инцидентот, Организацијата за Мис Универзум застана покрај Габриел и нејзиното семејство преземајќи целосна и непосредна одговорност без двоумење – се вели во соопштението.

Семејството изрази длабока благодарност за „непоколебливото сочувство, присуство и покажана љубов“.

Сепак, прашањето за одговорноста за падот стана предмет на дебата. Една недела по финалето, Мис Хаити, Мелиса Сапини, изјавила за списанието „Пипл“ дека персоналот на изборот за убавина ја обвинил повредената Хенри за инцидентот.

– Првото нешто што го кажаа беше дека тоа се случило затоа што таа не обрнувала внимание додека чекорела по сцената – рекла Сапини.

Во неодамнешна изјава, Организацијата силно ги негираше ваквите обвинувања.

Одредени медиумски извештаи што сугерираат дека д-р Хенри придонела на кој било начин за инцидентот се целосно лажни. Организацијата Мис Универзум никогаш не ја припишала вината на д-р Хенри и потврдува дека овие сугестии се неосновани и не ги одразуваат фактите – рекле тие.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation