Поради сомневање за „злоупотреба на службена должност“, МВР во координација со Основното јавно обвинителство Скопје утринава изведува голема полициска акција со претреси на повеќе локации во Скопје, Куманово и уште неколку градови.
Акцијата е во тек и засега не се откриваат детали за тоа против кого се насочени претресите и колку лица се опфатени. Од обвинителството потврдија дека се работи на истрагата и најавија дека повеќе информации ќе бидат соопштени по завршување на оперативните активности.


























