Background

Димитриеска Кочоска го оцени за историски растот од 3,8% во третиот квартал од годинава

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ги оцени податоците за стапката на растот на економијата од 3,8% како историски и трет највисок раст во Европа и регионот.

Димитриеска-Кочоска рече дека ваквите резултати покажуваат дека дополнително е забрзана економската активност во земјата

-Ова претставува дополнително забрзување на економската активност, по растот од 2,9% во првиот и 3,5% во вториот квартал годинава. Притоа, растот од 3,8% е еден од највисоките во последните неколку години. Во споредба со земјите од регионот и од ЕУ, согласно податоците за третиот квартал за 2025 година, Македонија е на трето место по раст на БДП, при што повисок раст е забележан во Ирска и Данска. Доколку споредуваме со земјите од регионот, за третиот квартал од 2025 година, растот во Србија изнесува 2,0%, во Црна Гора 3,1%, во Хрватска 2,3%, во Бугарија 3,1%, во Романија 1,2%. Кумулативно, растот во првите три квартали годинава изнесува 3,4% – рече  Димитриеска-Кочоска.

- Advertisement -
Ad image

Таа рече дека главен двигател на растот во третото тримесечје се бруто инвестициите, кои се зголемени за 30,6%, како резултат на силниот раст на инвестициите во основни средства.

– Со ова, од аспект на инвестиции, ова тримесечје е едно од најуспешните од кога се мери економската активност на земјата. Податоците за растот на инвестициите се најдобар показател за високата доверба на инвеститорите во домашната економија. Високиот раст на инвестициите во овој период доаѓа како комбинација на неколку позитивни трендови во економијата. Притоа, се истакнува придонесот на инвестициската активност на домашните претпријатија, имајќи јапредвид високата искористеност и заинтересираност за поволната кредитна линија обезбедена од Владата – рече Димитриеска-Кочоска

Според неа, важен придонес кон растот на инвестициите имаше и силната посветеност на Владата на капиталните инвестиции и оптимизацијата на нивните трошоци, динамика, и услови за градба.

– Оптимизацијата на капиталните инвестиции значеше и интензивирана реализација на големите инфраструктурни проекти финансирани од државата, како што се коридор 8 и 10. Дополнително, значаен двигател на бруто-инвестициите беше и поддршката на општините за реализација на капитални инвестиции со цел порамномерен регионален развој и унапредување на животот на граѓаните – рече таа.

Димитриеска-Кочоска наведе и дека придонес кон растот има и финалната потрошувачка со раст од 1,8%.

-Растот во градежништвото е 21%, услугите бележат раст од 2,9%, информациите и комуникациите од 7,4%, стручните, научните, и техничките дејности од 6,1%; како и трговијата и транспортот од 2,6%. Индустријата, како што кажа министерката, се зголеми за 1,3%, при раст на преработувачката индустрија од 2,5%. Забележителен е и растот на земјоделството од 4,0%- рече Димитриеска-Кочоска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation