Домашниот бруто производ порасна за 3,8 % во третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Најголем пораст е забележан во секторите „градежништво од 21% и „информации и комуникации“ од 7,4%.
Во третото тримесечје, бруто инвестициите во основни средства претставуваат главен двигател на порастот на БДП. Во структурата на БДП нивното учество се зголеми од 26,1 % во третото тримесечје од 2024 година на 31,1% во третото тримесечје од годинава.
Финалната потрошувачка во третото тримесечје забележа номинален раст од 7,7 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 80,2 %.
Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година е 3,6 %.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
