Предлог законот за Судски совет е доставен на мислење до Европската комисија, соопшти денеска Министерството за правда.
По добиеното мислење, предлог-законот ќе биде поднесен во Собранието, за да се усвои.
Од Министерството соопштија дека станува збор за конструктивен и содржаен закон кој веќе доби позитивно мислење од Венецијанската комисија.
„За првпат ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Судскиот совет. Ова е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ и сега Македонија директно одговара на таа препорака“, соопшти Министерството за правда.
Клучни новини кои се предвидени со законот се:
– Јавност во постапкатата за разрешување на претседател и заменик-претседател на Советот, постапката мора секогаш да биде транспарентна;
– Прецизирање на критериумите за „истакнат правник“ за избор на нови членови;
– Воведување јавна расправа за кандидатите за несудски членови, со цел поголема транспарентност и одговорност;
– Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и за разрешување на членови на Советот од редот на судиите;
– Унапредување на целокупната правна рамка, согласно препораките на ЕУ.




























