Background

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски очекува идното лето да почнат работите околу изградбата на брзата пруга Табановце – граница со Грција, а до крајот на месецов или на почетокот на следниот месец да се објави тендер за изградба на третата делница од пругата кон Бугарија

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски очекува идното лето да почнат работите околу изградбата на брзата пруга Табановце – граница со Грција, а до крајот на месецов или на почетокот на следниот месец да се објави тендер за изградба на третата делница од пругата кон Бугарија.

Ова го изјави Николоски во интервју за МИА.

-Во однос на брзата пруга, напредуваме одлично. Во овој момент имаме активности коишто се во делот на подготовка. Тоа е многу сериозен проект и мора добро да е подготвен. Престижна меѓународна компанија го работи тоа за нас, компанија којашто е препорачана исто така и од Велика Британија – вели Николоски.

- Advertisement -
Ad image

Тој додава дека веќе има  најдобра индикативна понуда за финансирање на проектот, а во скоро време ќе влеземе и во процес на изборен изведувач.

-Така што очекувам процесот да оди со оваа динамика. Значи подготвителните работи се веќе започнати, а она што за граѓаните е визуелен почеток на работа, да видите машини на терен, тоа очекувам да се случи некаде летото – вели Николоски.

Николоски, како што изјави, се надева дека  изградбата на меѓуграничниот железнички тунел со Бугарија на Коридорот 8, ќе почне во 2031 година.

-Па, се надевам во 2031 година, ако и Бугарија работи со динамиката којашто ја добив како ветување од бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт. Се надевам дека 2031 е датумот. На наша страна ние веќе ја завршивме првата секција којашто оди од Куманово до Бељаковце. Бељаковце-Крива Паланка, се работи интензивно во моментов. За третата делница веќе почнуваме подготовки за да објавиме тендер. Веќе беше објавена информација на европскиот сајт за тендерски процедури, каде што очекуваме да се пријават што повеќе заинтересирани компании. Така што, тоа е нешто што е добро. И очекуваме во тек на месец декември, најдоцна во тек на месец јануари, веќе да имаме објавен тендер, и за надзор и за изведба, односно за работа – вели Николоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation