Трамп до крајот на декември ќе го објави почетокот на втората фаза од мировниот план за Газа, потег што предвидува повлекување на израелските трупи, распоредување на меѓународни сили и формирање на „Мировен совет“ кој ќе ја управува енклавата

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател Доналд Трамп до крајот на декември ќе го објави почетокот на втората фаза од мировниот план за Газа, потег што предвидува повлекување на израелските трупи, распоредување на меѓународни сили и формирање на „Мировен совет“ кој ќе ја управува енклавата.

Според порталот Аксиос, американскиот лидер има намера „да го најави влегувањето на мировниот процес во Газа во втората фаза пред Божиќ и да претстави нова структура што ќе управува со енклавата“.

Очекувањата се дека Трамп ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху до крајот на декември, каде ќе се дефинираат клучните чекори од новата иницијатива.

Планот исто така предвидува нова политичка структура наречена „Мировен совет“ што ќе вклучува десетина западни и арапски лидери и ќе биде надгледувана од извршен комитет.

Во него, како што наведува Аксиос, треба да седнат поранешниот британски премиер Тони Блер, специјалниот претставник на американскиот претседател Стивен Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.

Клучниот дел од првата фаза – ослободувањето на сите киднапирани од Хамас и враќањето на телата на починатите заложници – е речиси завршен. Со тоа, според американските официјални лица, се отвора патот за дипломатска реконструкција на Газа и постепено воспоставување на цивилна администрација под меѓународен надзор.

– Ова е момент на премин од воен одговор кон политички процес – изјави неименуван извор за Аксиос.

Share This Article