Бугарскиот претседател Румен Радев вчера изјави дека со впишување на Бугарите во Уставот Македонија значително ќе го забрза присоединувањето кон Европската Унија.
– Вклучувањето на Бугарите во Уставот на РСМ значително ќе го забрза патот на земјата кон ЕУ и се надевам дека нашиот југозападен сосед ќе го стори тоа што е можно поскоро за да си ги отвори вратите за преговори за полноправно членство – изјави Радев на приемот за претставниците на организациите на Бугари од Македонија.
Тој изрази надеж дека македонските власти ќе го спроведат „европскиот компромис“ од 2022 година.
– Сите се надеваме дека интеграцијата на РСМ ќе се случи што е можно поскоро, но тоа не може да биде на сметка на правата на бугарската заедница во земјата – рече Радев.
Претставниците на бугарските организации од Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Кавадарци и Кочани, пак, пред шефот на бугарската држава категорично се изјаснија против уставни измени со одложено дејство, бидејќи станувало збор за гарантирање на основните човекови права.



























