Мицкоски заврши со Менди Ќира: Градоначалникот на Струга ја изгуби довербата на ВМРО-ДПМНЕ што го доведе на власт

Saso
By Saso
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес јавно се дистанцираше од градоначалникот на Општина Струга Менди Ќира, кој на власт дојде исклучиво благодарение на масовната поддршка од македонските гласачи мобилизирани од ВМРО-ДПМНЕ.

“Лично му испратив порака на градоначалникот дека сум разочаран. Ме убедуваше дека така било секоја година, но не е така”, изјави Мицкоски, сигнализирајќи крај на политичката поддршка за Ќира.

Изборна победа само со помош на ВМРО-ДПМНЕ

На локалните избори за општина Струга, Менди Ќира убедливо губеше во сите средини каде живее етничко албанско население. Неговата изборна победа беше можна единствено благодарение на ВМРО-ДПМНЕ, која обезбеди  Ќира да добие речиси 100% од гласовите во македонските средини.

Сега, кога Ќира ја изгуби довербата на партијата што го донесе на власт, неговата политичка иднина е доведена во прашање.

“Му кажав дека ова му е лош почеток, а втора шанса за прв впечаток нема. Првиот беше катастрофален”, истакна премиерот, кој очекуваше дека Ќира ќе се позиционира како натпартиски градоначалник на сите граѓани.

Мицкоски најави дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Општинскиот совет на Струга веројатно нема да ја поддржат работата на градоначалникот во иднина, што практично значи дека Ќира ќе остане без политичка поддршка на која ја заснова својата изборна кампања.

Мицкоски за протестот на Ахмети

Премиерот се осврна и на најавениот протест на лидерот на ДУИ Али Ахмети закажан за 13 декември во Скопје, со кој се бара поддршка за поранешните водачи на ОВК кои се судат во Хаг.

“Многу тешко ќе најде коалициски партнер. Нема да наиде на одобрување од меѓународниот фактор и ќе биде оценет како генератор на нестабилност во државата”, предупреди Мицкоски, додавајќи дека е уверен дека коалицискиот партнер Вреди нема да го поддржи протестот.

Share This Article